Webp.net gifmaker

Во Модуларната болница во Прилеп некој со хебла ја оштетил таблата за струја, за среќа не е загрозен животот на пацинетите

Септември 19, 2021

Инцидент,   за среќа,  без  последици се случи во Модуларната болница во Прилеп, каде обезбедувањето на овој објект забележа дека таблата за електрична енергија е физички оштетена  и насилно отвроена, по што случајот е пријавен во полиција и извршен е увид на местото. Но, опремата во модуларната болница не останала без напојувaње, затоа што не се снабдува со струја од оваа табла, па животот на пациентите не  е загрозен. Од прилепската болница не сакаа да го коментираат случајот, а директорката Кети Смиелвска, вели дека не се знае кога   се случил овој вандалски чин, но го откриле вчера кога вратата од таблата случајно се отворила од силниот ветер.

„Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница. Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот, а од СВР Битола велат дека работат на расветлување на овој настан

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани