АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Непознати сторители синоќа оштетија држач на еден од рефлекторите на партерното осветлуваее на Офицерскиот дом.
Со овој вандалски чин иако не е предизвикана голема материјална штета, загрижува намерата на несовесни битолчани. Само две недели откако Офицерскиот дом блесна со целата своја убавина по комплетната реконструкција, загрижува ваквиот однос кон културно-историското богатство на градот.
Од Општина Битола велат дека објектот има физичко обезбедување, а случајот е пријавен во СВР Битола. ЈП „Комуналец“ веќе интервенираше и го замени држачот на рефлекторот