2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ензим од отровна змија -ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19

Октомври 02, 2021

Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го оценуваме како невистинит 

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека ензим од змијата ѕвечарка, која инаку е змија отровница, бил пронајден во вакцините против ковид (без да се наведе на која вакцина од кој производител се мисли). Но, без оглед на тоа на која и вакцина да се мисли, ова тврдење е лажно, односно ниту во вакцините против ковид има ензими од змии отровници, ниту пак, некакво научно истражување го покажало тоа.

Во склоп на  постот, споделен е и текст од „News-medical.net“, кој пак, не соодветствува на она што се тврди во оваа објава на Фејсбук. Текстот на „News-medical.net“, дискутира за нешто сосема друго.

Во овој напис се информира за спроведена научна студија, во која се покажало дека колку опасна ќе биде болеста ковид-19, ќе зависи од еден ензим, кој, пак, се вклучува во инфламаторниот одговор. Меѓутоа, во вакцините ниту го има овој ензим  ниту, пак, студијата спомнува дека го има!

Научниците од „Стони Брук Универзитетот“ во Аризона, дошле до сознание дека ензимот наречен фосфолипаза А2 група IIA, (познат и како sPLA2-IIA), може да биде најважниот фактор што предвидува кои пациенти со тешка форма на ковид му подлегнуваат на вирусот.

Ензимот  sPLA2-IIA е сличен на тој што се содржи во невротоксинот на змијата ѕвечарка и може да ги уништи мембраните на клетките. Во здрави индивидуи, овој ензим се содржи во ниски концентрации, затоа што е клучна одбрана против бактериска инфекција. Но, во високи концентрации активираниот ензим може да ги уништи мембраните на виталните органи, вели Флојт Чилтон, автор на студијата. 

Со други зборови, тој ензим се обидува да го убие вирусот, ама во одреден момент е ослободен во толку високи концентраци, што работите почнуваат да одат во многу лош правец, уништувајќи ги мембраните на клетките на пациентот, а со тоа и се допринесува за мултисистемско откажување на органите и смрт, истакнува тој.

Здравите луѓе имаат нивоа на ензимот sPLA2-IIA од половина нанограм на еден милилитар крв, ама наодите од студијата покажуваат дека инфекцијата ковид-19 била смртоносна (летална), за 63 проценти од пациентите кои имале тешка форма на ковид-19 и нивоа на sPLA2-IIA еднакво или повисоко од 10 нанограми на милилитар крв.

Многу пациенти што починаа од ковид-19, имале едни од највисоките нивоа на овој ензим, кога било рапортирано, тврди Чилтон.

Студијата е спроведена на начин што се земени примероци од плазма и медицински табели од 127 пациенти хоспитализирани на „Стони Брук Универзитетот“  од јануари до јули 2020 година. Во тој период – јануари-јули 2020 година, вакцината против ковид не беше развиена, ниту администрирана никаде во светот. Така што, невозможно е резултатите од оваа студија да се доведуваат во корелација со вакцината!

Поради тоа што студијата не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација, како и поради тоа што пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Во постот фактички е направен фалсификат на зборовите изнесени во студијта и тоа изгледа вака:

Ензимот sPLA2-IIA е сличен на оној содржан во невротоксинот на змијата ѕвечарка, бидејќи може да ги уништи клеточните мембрани и обично се наоѓа во мали концентрации кај здрави лица, бидејќи е клучен во одбрана од бактериска инфекција. Сепак, во повисока концентрација може да ги уништи виталните органи на пациентите кои ја примиле вакцината…“

Иако никаде во студијата не се тврди дека ,,повиска концентрација на ензимот sPLA2-IIA, може да ги уништи виталните органи на пациентите кои ја примиле вакцината”. Тоа е чиста измислица, затоа што во моментот на спроведувањето на студијата вакцините не беа достапни и сите испитаници не биле вакцинирани.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани