2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Сатиричен пост – од ковид вакцина не може да се забремени

Октомври 19, 2021

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за сатиричен пост.

Тоа е една од целите на проверката на факти на Фејсбук – да ги образложи и оние постови за кои не е веднаш јасно дека се сатирични и за кои се смета дека во себе содржат капацитет да бидат буквално сфатени од некои корисници. А, дека тоа е можно се забележува и од коментарите, при што во некои од нив се забележува збунетост, нејаснотија дали станува збор за вистинит пост или за нешто друго, па и буквално разбирање на сатиричната содржина како вистинита, што, се разбира, во конкретниов случај, не е точно.

Во постот се тврди следното:

Народе немојте да се вакцинирате, братучетка ми се вакцинираше и сега ете од вакцината затрудне, којзнае сперма ставале во вакцината од мигранти, и сега ете трудна остана 18 години има, не е мажена. Ах тета Ленче што те снајде, ради тој Бил Гејтс и ја уништија младоста на Соњето, пишува во постот.

Ако се погледне профилот од кој доаѓа овој пост, станува јасно дека тоа е профил кој шеговито коментира голем број на општествени случувања, на јазик што е исклучително колоквијален, а потписот на профилот, всушност, е сатиричен псевдоним – Благодушка Марулова. 

И фотографијата со која се илустрира таканаречената Благодушка Марулова не е нечија, туку е сатирична монтажа. Не е познато кој стои зад овој профил кој има над 25 илјади следачи.

Неможно е да се предизвика бременост од вакцините, се разбира. Меѓутоа, од коментарите под постот што го рецензираме, евидентно е дека некои корисници на социјалната мрежа не ја сфатиле шегата како шега, туку како вистина па коментирале дека не можат да читаат веќе вакви глупости, или, пак, поставуваат прашање дали ова е виц на годината или вистина.

Дека во повеќе други наврати овој профил објавува сатирични постови, покажува и примерот од 17 јули. Во овој период беше актуелен трендот кога од различни профили граѓани лепеа монети, лажици и вилушки на рамениците и тврдеа дека тој магнетен ефект е резултат на вакцината. Меѓутоа, дека вакцината не предизвикува магнетизирачки ефект „Вистиномер“ пишуваше во повеќе наврати.

Во овој период од профилот на Благодушка Марулова е објавен следниот пост.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/screen-shot-2021-10-04-at-02.57.27.png 596w" alt="" width="300" height="101" class="size-medium wp-image-107890 aligncenter b-loaded" style="clear: both; display: block; margin: 15px auto 25px;" />

Гледам сите шосе вакцинирале ставајат слики како имсе лепе лажица ели вилушка на раката хех ја како шосам запотена, небањата цел месец можам цел сервис за ручавање да си залепам на мене хехе.

И од овој пример, евидентно е хумористичното постапување, односно сатиричниот приод од овој профил кон темите кои се актуелни во врска со вакцинацијата и дезинформациите кои ја опкружуваат.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/screen-shot-2021-10-04-at-03.08.47.png 581w" alt="" width="300" height="84" class="size-medium wp-image-107894 aligncenter b-loaded" style="clear: both; display: block; margin: 15px auto 25px;" />

Ај за миење раце не е толку тешко, ама ако испадне вирус кај што ќе треба да се бањам е тоа нема да му го простам никогаш, се вели во еден друг постар пост од Благодушка Марулова.

Сите овие примери покажуваат дека недвосмислено станува збор за сатиричен профил кој се исмева со тековните и актуелни теми во општеството, вклучително и вакцинацијата и ковид пандемијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани