АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 29.11.2021 во Битола од полициски службеници од СВР Битола е лишен од слобода М.Б.(26) од Битола, затоа што по претходно добиена наредба од Основен суд Битола e извршен претрес во простории сопственост на М.Б., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Притоа кај него се пронајдени неколку опаковки прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.