АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 13.12.2021 година во 03.30 часот на ул.„Ѓорѓи Наумов“, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Т.(23) од Битола. Откако бил сопрен од полициски службеници тој ја спуштил рачната кочница на возилото кое се придвижило и удрило полициска службеничка, по што упатил и закани кон неа. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.