2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Германскиот хемичар не бил убиен бидејќи „ја зборувал вистината за вакцините“, туку умрел од срцев удар

Декември 15, 2021

Германскиот хемичар Андреас Ноак не открил дека во вакцините има графен оксид, затоа што вакцините не содржат такво соединение, а тоа го потврдуваат многу светски медицински експерти, за што „Вистиномер“ досега има пишувано во неколку наврати. Докторот не бил убиен од страна на полицијата затоа што „ја зборувал вистината за вакцините“, туку починал како последица на срцев удар. На 29 ноември 2021 година, неговата девојка Ана објави видео во кое појасни дека Ноак не бил нападнат, туку починал од срцев удар во болница

Пост на Фејсбук пласира дезинформација дека германскиот доктор Андреас Ноак, кој зборувал дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид, бил брутално уапсен, а неколку дена подоцна и убиен од страна на полицијата затоа што „ја зборувал вистината“. Нашата проверка покажа дека ова не е точно.

Постот се повикува на текст објавен на порталот Коловрт, кој е познат по тоа што пласира теории на заговор и дезинформации во врска со пандемијата од коронавирусот. Според написот на Коловрт, веста за убиството на д-р Ноак ја објавила неговата партнерка:

Сабота е, 27 ноември 2021, во вторникот (23 ноември) е објавено видеото за графен хидроксид. Тоа видео удри како вистинска бомба. Истовремено, Андреас имаше состанок на Zoom со едно лице, а јас снимав и ги следев коментарите. Состанокот траеше околу 2 часа.

… Малку подоцна, Андреас беше брутално нападнат. Нападот беше неверојатно подмолен и неочекуван. Ја имам таа ужасна задача да ви кажам дека, за жал, Андреас не го преживеа нападот!

Дали германскиoт видео блогер и хемичар беше убиен затоа што ја разоткри вистината за графен оксидот во вакцините?

Има малку информации за смртта на д-р Андреас Ноак, освен две видеа што неговaта партнерка ги објави на социјалната мрежа Телеграм. Сепак, изјавите дадени во овие видеа ги отфрлаат гласините дека Ноак бил убиен од полицијата, пишува сајтот за проверка на факти „Лид сторис“.

Партнерката на Ноак објавила видео на канал на Телеграм на 27 ноември 2021 година, првично тврдејќи дека бил „нападнат“, но во следното видео, таа ја опишува неговата смрт во болница од она што лекарите и рекле дека е срцев удар. Видеото објавено на каналот Телеграм на Ноак на 23 ноември 2021 година, кое наводно било причина за неговото наводно убиство, содржи тврдења за присуство на графен оксид во вакцините, кои „Вистиномер“  досега повеќепати ги има дебанкирано.

Тврдењето дека Ноак бил убиен се појавува во насловот на видеото објавено во Битчут на 28 ноември 2021 година со наслов „УБИСТВО! Само неколку часа по објавувањето на тајната на Вакс, докторот е мртов“.

Ноак кој имал докторат по хемија од Техничкиот универзитет Дармштат, но не работел на терен неколку години, им стана познат на корисниците на социјалните мрежи ширум светот во ноември 2020 година, кога видеото од еден од неговите преноси во живо беше прекинато од полициска рација и истото стана вирално. Во тоа време, кружеа гласини дека Ноак бил уапсен затоа што зборувал против владините мерки за борба против пандемијата на ковид-19 во Германија.

„Лид сторис“ го дебанкираше тврдењето за апсење во тоа време, кога полицијата појасни дека Ноак не бил цел на рацијата.

На 27 ноември 2021 година, на Телеграм беше објавено видео, во кое партнерката на Ноак, Ана ги информира неговите следбеници за неговата смрт. Верзијата со англиски преводи може да се види овде. Околу 1:40 минута, Ана тврди дека Ноак „бил силно, силно нападнат“. Таа понатаму вели:

Нападот беше крајно подмолен и неочекуван, а јас сум оптоварена со ужасната задача да ви кажам дека Андреас не го преживеа тоа.

Оваа фраза ги наведе корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат дека Ноак бил директно и физички нападнат, веројатно од полицијата. Меѓутоа, на 29 ноември 2021 година, Ана објави уште едно видео на германски, во кое појасни дека Ноак не бил нападнат, туку починал од срцев удар во болница. Таа тврди дека срцевиот удар бил предизвикан од микро бранови, не нудејќи никаков доказ за тврдењето.

Во еден момент, глас од зад камерата ја прашува:

Многу луѓе разбраа дека луѓето дојдоа кај него и го нападнаа. Сепак, она што сакаше да го кажеш беше напад со микро бранови, тоа беше причината.

Ана одговара:

Не знам многу за овие работи, како функционира тоа нешто. Но, тој секогаш велеше дека имаат ваква технологија.

Не е јасно за каков вид на технологија се зборува овде, но тврдењата може да се поврзани со неодамнешните теории околу она што се нарекува Хавана синдром, пишува „Лид сторис“.

Од сето ова можеме да заклучиме дека германскиот хемичар Ноак не открил дека во вакцините има графен оксид, затоа што вакцините не содржат графен оксид, а тоа го потврдуваат многу светски медицински експерти, за што „Вистиномер“ досега има пишувано во неколку наврати. Понатаму, докторот не бил убиен од страна на полицијата затоа што „ја зборувал вистината за вакцините“, туку починал во болница како последица на срцев удар. Оттука, постот кој го анализираме ќе го оцениме како невистинит.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани