2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во РСМ има здравствени работници кои одбиваат да се вакцнираат против ковид-19

Јануари 19, 2022

Здравствениот систем во нашата земја не може да си дозволи отпуштање на медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира против Ковид-19. Но, ваква мерка преземаат властите во некои земји во светот. Ставот на Лекарската комора на РСМ е дека вакцинацијата е најефективниот начин за заштита од заразни болести, но не можат да се мешаат во личните убедувања на медицинскиот персонал кои се однесуваат на ова прашање, ниту пак на самите граѓани. Ист став дели и Здружението на лекари специјализанти, пишува Порталб.мк

Иако светската научна фела спасот од пандемијата со Ковид-19 го гледа во вакцините, овој процес е проследен со многу сомнежи не само од обичните граѓани, туку и од здравствените работници. Ваквата појава е присутна во земји во светот меѓу кои е и Република Северна Македонија.

Процесот на вакцинација во Северна Македонија започна на 17 февруари 2021 година и 260 здравствени работници, кои беа на првата линија на борбата против коронавирусот, први ја примија вакцината против пандемијата Ковид-19. Иако белите мантили имаа приоритет за вакцинација против Ковид-19, и по речиси 1 година има и такви кои не се вакцинирани и одбиваат да го сторат тоа, јавуваат извори на Порталб.

Има и такви кои индиректно ја одбегнуваат вакцинацијата и оние кои директно шират сомнежи за ефикасноста на вакцините.

Од друга страна, во многу земји на светот, на медицинскиот персонал кој одбива да биде вакциниран им се закануваат со казни или отпуштања. Во САД започнаа отпуштањата на невакцинираниот медицински персонал. Во Англија  оваа пролет своите места можат да ги загубат околу 126.000 здравствени работници, откако одбија да се вакцинираат против Ковид-19. Властите во соседна Грција се заканија дека ќе ги отпуштат сите невакцинирани работници во националниот здравствен систем во декември, а пак во септември 2021 година грчките власти суспендираа околу 10.000 здравствени работници. Според едно истражување на Лекарската Комора на Косово, околу 130 лекари изјавиле дека нема да се вакцинираат.

Меѓутоа, во РСМ не се предвидува еден таков ригорозен чекор, поради причината што нашите болници не можат да се справат со недостигот од медицински персонал, кој и така е дефицитарен.

„Секоја земја самостојно ги одредува здравствените политики, како и мерките што се преземаат за време на пандемијата. Некои од овие мерки вклучуваат стимулирање на населението за да се вакцинира. Примери од светот покажуваат дека има медицински персонал, посебно во САД, кој беше отпуштен од работа, но тоа доведе до уште поголем недостиг на медицински персонал во болниците. Само во Грција, на пример, во септември беа суспендирани 10.000 здравствени работници, што резултираше со голем недостиг на медицински персонал во земјата.

Што се однесува до нашата земја, можеби во овој момент, кога веќе се соочуваме со недостиг на медицински кадар, отпуштањето на невакцинираните здравствени работници би резултирало со уште поголем дефицит, а со тоа и поголемо оптоварување на останатите здравствени работници и здравствениот систем. Затоа, треба добро да се размисли пред да се преземат мерки од ваков вид“, изјави д-р Иле Кузманоски од Здружението на лекари специјализанти.

Од Лекарската комора на РСМ, за Порталб.мк изјавија дека се свесни дека и кај нас има голем број здравствени работници кои одбиваат да се вакцинираат. Иако од оваа институција се против ваквиот став, велат дека не можат да се мешаат во личните убедувања на некој поединец.

„Вакцинацијата се покажа како најефикасен пристап за заштита од заразни болести и затоа Лекарската комора неколкупати отворено го поддржа овој процес што го спроведува Министерството за здравство. Здравствените работници се на добар пат со пандемијата, затоа е неопходно да се вакцинираат за да се заштитат себе си, најблиските и нивните пациенти. Тие како здравствени работници треба да бидат пример и да ги охрабрат и другите граѓани да го сторат истото, обезбедувајќи едукација за придобивките од вакцинацијата во секојдневната комуникација со пациентите“, велат од Лекарската комора на Северна Македонија.

Истиот став го делат и Здружението на лекари специјализанти кои нагласуваат дека одлуката за вакцинација е лична одлука и тука не треба да биде исклучок и медицинскиот персонал.

„Крајно е важно медицинскиот персонал да биде вакциниран, главно затоа што на некој начин секој од нив бил или сè уште е вклучен во борбата против Ковид-19. Секојдневната работа со пациентите ги става во дополнителен ризик од болеста, како и од пренесување на вирусот на други. Затоа, сметаме дека медицинскиот персонал треба да им служи како пример на другите граѓани.

Меѓутоа, доколку вакцинацијата остане личен избор за сите граѓани, тогаш здравствените работници не треба да бидат исклучок. Ние веруваме дека личните етички и морални убедувања треба да преовладуваат и секој здравствен работник треба да донесе правилна одлука за своето здравје, како и за здравјето на своите пациенти и најблиските, бидејќи етичка должност на секој здравствен работник е да не го загрозат здравјето на своите пациенти“, додаде доктор Кузманоски од Здружението на лекари специјализанти.

Во врска со оваа прашање редакција побара официјален став од Министерството за здравство во нашата земја, но од оваа институција не добивме одговор.

Според последниот неделен извештај објавен од Институтот за јавно здравје, во Македонија вакцинирано е околу 50 проценти од општата популација на возраст над 18 години.

Вакцина/Доза Прва доза Втора доза Трета доза Вкупно дадени дози
Pfizer/Biontech 362.947 347.304 108.309  818.560
Sinovac 250.926 244.893  495.819
Sinopharm 152.748 152.023  304.771
AstraZeneca 70.229 67.470  137.699
Sputnik V 23.211 22.893  46.104
Moderna* 25 23 48
Janssen* 30 3 33
ВКУПНО 860.116 834.609 108.309  1.803.034

Извор: ИЈЗ


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/btd-logo-1140x640-1-768x183.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/btd-logo-1140x640-1.png 873w" alt="" width="300" height="71" class="size-medium wp-image-106619 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани