Webp.net gifmaker

3 проценти од младите париви во Македонија користат контрацепција

Мај 16, 2018

Само 1,6 проценти од младите до 29 години во Македонија користат орална контрацепција, односно пилули, а помалку од 3 проценти од паровите користат какво било средство за модерна контрацепција. Оие податоци беа соопштени како загрижувачки на трибината за сексуално преносливите инфекции и контрацепцијата што во организација на Асоцијација за здравствена едукација- ХЕРА и МКЦ се одржа денес во Битола.

 

„Овие бројки укажуваат на недоволна информираност и на недоволен пристап до средства за контрацепција кај младите. Ние во нашата земја ги немаме сите контрацептивни средства, а и тие што ги има, не се на позитивна листа, па младиот човек треба да си ги плати, а сите знаеме каква е општата финансиска состојба во земјава. Укажува и на недоволна застапеност на функционални младински центри низ целата земја каде младите можат да се информираат и да добијат поддршка. И на крај на стравот од осуда и на срам , односно за стигмата која постои околу оваа тема за преносливите инфекции и контрацепцијата“, рече Андријана Папиќ Манчева од ХЕРА.

Гинекологот Владимир Трајковски изјави дека сексуално преносливите инфекции прилично се застапени кај младата популација, но постојат предрасуди да се зборува за нив.

-Предрасудите, односноно недовербата тоа да се сподели со некого, а потоа правилно да се постапи, да се најде решение ако настанал проблем со пренос на инфекциии кои можат да носат последици и понатаму во животот, тоа е најголемиот проблем. Тоа не се во права смисла болести, туку едни состојби кои потоа можат да повлечат една хроничка состојба и на крај да носат последици и по репродуктивното здравје“, рече Трајковски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани