2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

При редовна контрола на Шумската полиција од Крушево, вчера околу  18 часот, на   Селечки рид,  затекнато е лицето И. А. од с. Норово како пали оган на отворен простор блиску до шума.

Голема површина со букова шума е исечена во Крушевската корија, во месноста викана Блага Вода, во шумскиот оддел 112, над селото Белушино, пренесува порталот СКД.МК. Исечента површина по големина ја споредуваат со  фудбалско игралиште. Пресечените стебла не се добројувале. Сечата не наликувала на проред зашто билазафатена голема површина. Ни на санитарна сеча која се применува кај болни и суви дрвја. Буките изгледале здрави, а пресечените стебла светли што укажувало дека скоро биле отсечени. На сите страни имало гранки и остатоци од сечени дрва, па и скршени стебла кои настрадале додека други паѓале. Шумата во овој дел наликувала како да е погодена од епокалипса.

По патот наоѓале испаѓани сајли за влечење дрвна маса и трупци во должина од еден метар како што се продаваат по пазарите. Трупците биле поголеми од пропишаните димензии за шумски отпад што според Законот за шуми треба да се гранки и стебла со дијаметар со 7 сантиметри.

„Што ќе ги гледаш, со трактори ноќе минуваат и ако ги кажеш треба да се тепаш со луѓето. Од подолните села се. Има дрво крадци, секогаш имало и ќе има“, вели Шабан Ајровски, жител на село Белушино.

СДК пренеува дека дел од селаните раскажуваат дека сечачите имаат одобренија за збирање отпад по санитарна сеча.НА документот на кој пишувало дека на одредено лице му се одобрува собирање на отпадок, на местото за референтот кој ќе ја координира акцијата не било посочено конкретно лице туку пушувало работна група, вработени во шумската подружницата. Дел од селаните со апел до надлежните инстутуции да испитаат дали испратниците за собраната дрва маса наместо на лице место се издавале откако тракторите ќе излезеле од шумата?

Од Министерството за земјоделство одговорија дека шумската полиција од Крушево континуирано врши контрола  во место викано Блага Вода оддел 112 над село Белушино и по извршените увиди од лице место до Основниот суд Крушево има поднесено девет барања за поведување на прекршчна постапка  во последните три месеци.

Од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ за СДК велат дека воведуваат шумски ред по нелегалната сеча од која е нападната околината на село Белушино. Пишуваат дека се задолжени со решение од државен инспектор по шумарство и ловство од 29 септември годинава да воведат шумски ред.

„Да, дозволено е на било кој начин да се воведе шумски ред. Истотака би напоменале дека околината на село Белушино во Крушево е нападнато од нелегална сеча за што од ЈП ‘Македонски шуми’ –Скопје ПШС ‘Липа’-Крушево прави напори за сузбивање на овој вид на сеча, за што е побарано и помош од Шумската полиција и МВР за асистенција за да се спречи нелегалната сеча. Доколку би ги оставиле тие бесправно посечени дрва кои ги наведувате во вашиот допис, би настанале биотски, абиотски и други фактори кои можат да предизвикаат штетни последици во шумата и воедно во случај на пожар тие дрва би преставувале препрека и гориво за брзо ширење на пожарот“, пишува во одговорот од „Македонски шуми“.

Целиот текст: https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bukova-shuma-kolku-fudbalsko-igralishte-sotrena-vo-krushevskata-korija/

сеча 2

сеча 3

сеча 4

сеча 5

сеча 6

сеча 7

сеча 8

сеча 8

сеча 9

сеча 10

сеча 11

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани