2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со посредство на Генералниот Конзулат на Грција во Битола, ООУ ,, Стив Наумов", доби вредна донација од грчката болница во Флорина.  Станува збор за компјутерска опрема за потребите на училиштето, која ја предадоа Генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис и   Јоргос Манцос, директор на болницата во Флорина, Република Грција

И официјално основното училиште „Стив Наумов“ го доби новиот директор. Со одлука на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, за директор на ООУ „Стив Наумов“ е назначен Никола Пискачев,  наставник во ова училиште. Тој доаѓа на местото на досегашната директорка Дијана Христовска..

ОУ „Стив Наумов“ годинава го одбележа својот патрон празник во знакот на екологијата. Учениците на ликовниот и литературниот конкурс твореа на тема „Кажи ѝ гласно на планетата Земја“, со цел внимание да се сврти кон свесно размислување за тоа колку и како може да се продолжи животот на планетата Земја.

 Наставници и ученици од Италија, Грција, Романија, Полска и Португалија од денеска се гости на ОУ „Стив Наумов“ од Битола, во рамките на проектот „Зелени училишта за одржлива иднина“ кој на неколку теми се реализира од 2017 година  како дел од Еразмус програмата

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани