АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И официјално основното училиште „Стив Наумов“ го доби новиот директор. Со одлука на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, за директор на ООУ „Стив Наумов“ е назначен Никола Пискачев, наставник во ова училиште. Тој доаѓа на местото на досегашната директорка Дијана Христовска..
Пискачев му се заблагодари на министерот за образование и наука за почитување на одлуката на Училишниот одбор, изрази благодарност и до вработените и родителите за дадената доверба и поддршка.
-Привилегија е да се работи со нашите ученици, со ваков колектив, родители- соработници од локалната заедница за заеднички да го постигнеме најдоброто за нашето училиште. Заедно ќе ги оствариме моите планови, кои се насочени кон училиште кое нуди современа настава, негување на стимулативна, мултикултурна и безбедна средина каде секогаш во центарот на вниманието се учениците. Верувам дека заеднички со поддршка од наставниците, вработените, родителите со активна вклученост и соработка заедно ќе помогнеме за градење на европско и модерно училиште, рече Пискачев
Пискачев е назначан од министерот за образоавание Јетон Шакири, а неговиот мандат започнува од утре и трае 4 години. Според решението ваквата одлука на министерот следи откако училишниот одбор по распишаниот оглас за избор на директор во април годинава, до градоначалникот na 6 јуни поднел предлог за избор на Никола Пискачев за директор на ООУ „Стив Наумов“ во Битола, но градоначалникот во законскиот рок не донел одлука за негово именување.
„Врз основа на барањето на училишниот одбор, а по увидот во доставената документација, Министерството за образоавние и наука, констаираше дека кандидатот Николче Пискачев ги исполнува условите за директор на основно училиште“, се наведува во решението на мнистерот Шакири.
Инаку Николa Пискачев е долгогодишен член и активист на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Е.М.