АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонија се помирува со соседите и таа поставува камен темелник на новата изградба на Европа, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние од комеморацијата по повод 100 години од крајот на Првата светска војна, што се одржа на на Фрнцуските и Германските гробишта во Битола.
Засега непознато лице целосно разрушило надгробен споменик на старите гробишта кај „Св. Недела“ во Битола. Од СВР соопштија дека битолчанката Е.П.(62) во полиција пријавила дека во периодот од први до 26 мај 2018 година, на непознат начин е оштетен споменикот од нивниот семеен гроб. Во гробот биле погребани родителите на битолчанката која го пријавила случајот, а при тоа напоменала дека бетонскиот споменик е целосно разрушен.
Пред неколку години имаше и неколку други случаи кога поради семејни расправии помеѓу роднини и други кавги меѓу битолчани, страдаа надгробните споменици. Се случуваше еден ист споменик да се урива, пак гради и повторно да биде разрушен, поради ова битолчанец неколку дена чуваше стража и ноќе на старите Светонеделски гробишта во Битола.