АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонија се помирува со соседите и таа поставува камен темелник на новата изградба на Европа, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние од комеморацијата по повод 100 години од крајот на Првата светска војна, што се одржа на на Фрнцуските и Германските гробишта во Битола.
„Го славиме мирот, а тој е најдрагоцено нешто што го имаме во Европа. Со задоволство констатираме дека Македонија е во еден процес на помирување со своите соседи и поставува еден камен темелник на новата изградба на Европа, на Европа на мирот. Пред портите на Европа има притисоци, тензии, се случуваат настани кои можат да наштетат затоа нашата порака е сите да се обединиме. Нема мала или поголема земја кога се работи за придонесот што секоја земја треба да го даде за изградба на Европа и да има одговорност во тоа. И да не заборавиме дека секој земја држи до својот идентитет и својата чест, но треба да го почитува и иденитетот и честа на другите“, изјави францускиот амбасадор Тимоние.
Германскиот амбасадор Томас Герберих на Француските гробишта во Битола испрати порака за мир на француски јазик, а неговиот колега од Франција на Германските воени гробишта се обрати на германски јазик, однесување во духот на помирувањето.
-Одговорот е едноставен, помирување, треба да научиме да се отвориме кој помирувањето. Германија и Франција упеаја да го пронајдат патот кон помирувањето. За тоа да се исполни потребна е политика која не изолира и не се засолнува зад национализам и идејата за нови ѕидови“, рече Герберих.
На Француските и Германските гробишта од многубројни делегации беше положено цвеќе. Беше откриена и спомен плоча во која од мермер беше изработен гулаб на мирот од страна на ученици од Кутонс, Франција. Ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ пак, прочитаат текст за страотната војна која пред сто години се водела на овие простори.