АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пајак службата на ЈКП „Комуналец“-Битола и битолската сообраќајна полиција денеска претпладне ги исчистија тротоарите и коловозите од непрописно паркираните возила во центарот на градот.
Екипи на ЈКП „Комуналец“ од утрово се во акција за собирање и расчистување на скршените гранки од уличните дрвја. Вработени со трактори ги собираат гранките и ги расчистуваат пешачките премини и паркинг местата вдолж сообраќајниците и помалите улици во градот.
Од утрово работници од ЈКП „Комуналец“ почнаа со собирање на лисјата во градскиот парк и на јавни површини низ градот. Есенско уредување на паркот и собирањето на паднатите лисја наиде на позитивни реакции кај граѓаните кои се рекреираат во паркот. Но додека комуналците одговорно си ја вршат својата работа, несовесни граѓани ги уништуваат корпите за отпадоци и контејнерите низ паркот и централното градско подрачје.
Граѓаните на Битола се уште не практикуваат кога ќе го чистат домот и визбата од стариот мебел, дека треба само да се јават во ЈКП „Комуналец“ , и од таму бесплатно да дојдат со возило да го соберат и сортираат отпадот.