Webp.net gifmaker

Битолчани никако да научат стариот мебел да не го фрлаат на улица, туку да се јават во „Комуналец“

Август 20, 2018

Граѓаните на Битола се уште не практикуваат кога ќе го чистат домот и визбата од стариот мебел, дека треба само да се јават во ЈКП „Комуналец“ , и од таму  бесплатно да дојдат со возило да го соберат и сортираат отпадот.

Само пред некој ден стар мебел, покуќнина, стар телевизор и што уште не, беа оставени пред контејнерите на улицата „Партизанска“наспроти Музејот во Битола. Сликата бодеше очи дотолку повеќе што „домаќините“ ѓубрето од дома пред стемнување го оставија пред контејнерите и како поминуваше времето просторот околу го полнеа со стари фотељи, душек за спиење и еден куп други работи од домот.

Зоран Дојчиновски, технички директор на ЈКП „Комуналец“ вели дека уште лани преку флаери кои беа доставени заедно со сметките за комунален отпад, граѓаните беа  инфомирани дека гломазниот отпад и електронскиот отпад претпријатието го собира на повик на граѓанинот  и тоа без надоместок. 

-Јавноста беше инфомирана дека стариот мебел или покуќнина ЈКП „Комуналец“ ќе им ги подигне од дома само треба да се јават во нашето претпријатие. Ние, бездруго ќе го подигнеме отпадот и пред контејнерите , но со самото јавување отпадот се селектира. Стариот мебел и покуќнината се одлагаат на   депонијата „Мегленци“ додека, електронскиот отпад се складира во посебни контејнери во нашето претпријатие, вели Дојчиновски за апла.мк.

Годишно во Битола и 16 села од околината ЈКП „Комуналец“ прибира 28 илјади тони отпад.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани