АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од снегот исчистени се сите главни патишта, 70 проценти од споредните улици, приодите до сите градски населби, пазарите, дел од тротоарите, патеките низ парковите, приодите до институциите, соопштија директорите на јавните претпријатија од Битола кои со здружени сили учествуваат во расчистувањето на градот од снежните врнежи.
Алал- Апелот на Јавното претпријатие „Нискоградба“ допре до битолчани. Жителите од централното градско јадро, во делот околу Библиотеката, попладнево ги тргнаа паркираните возила, за комуналните служби утре да можат непречено да работат на чистење на улиците од снегот. Останува да се види дали повикот упатен од ЈП „Нискоградба“ ќе го послушаат и битолчаните во другите делови од градот.
Ј’зк- Дел од возилата деновиве останаа паркирани низ градските улици и покрај обилните врнежи снег. Од „Нискоградба“ се пожалија дека им попречуваат во чистењето на коловозите и дека може да дојде до оштетување на паркираните коли, па замолија за поголема соработка со цел интервенциите да се извршат побрзо и побезбедно посебно поради најавите дека се очекува нов снежен бран.
Од утре метеоролозите најавуваат обилни снежни врнежи, кои ќе фомрмираат нова снежна покривка. Од ЈП „Нискоградба“-Битола велат дека се подготвени за новиот снежен бран и апелираат граѓаните кои живеат во тесните улици и ги оставаат своите автомобил на коловозите, доколку се во можност да ги отсранат за да може механизацијата на ова јавно претпријатие да го чисти снегот.
Битолчани предлагаат проширување на пешачките зони во централното градско подрачје. Во истражувањето што го спорведе Здружението „Геосфера“ од Битола од 770 анкетирани битолчани, дури 63 проценти одговориле дека треба да се зголеми бројот на пешачки зони во градот.
На дадениот линк од веб страницата на РГД Геосфера-Битола прикажани се резултатите од спроведената анкета и визуелно со кликање врз картата во Google Maps, прикажани се предлог пешачките зони во град Битола по сугестија на граѓаните.
Само три проценти од улиците во Битола носат женски имиња, а дури 43 проценти машки. Според информации од гугл мапс и викимапиа, Битола има околу 345 улици, од кои околу 150 носат машки имиња, десетина женски, а останатите имиња на места, датуми и настани. На секоја 34-та улица доаѓа по една со женско име.