АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани предлагаат проширување на пешачките зони во централното градско подрачје. Во истражувањето што го спорведе Здружението „Геосфера“ од Битола од 770 анкетирани битолчани, дури 63 проценти одговориле дека треба да се зголеми бројот на пешачки зони во градот.
На дадениот линк од веб страницата на РГД Геосфера-Битола прикажани се резултатите од спроведената анкета и визуелно со кликање врз картата во Google Maps, прикажани се предлог пешачките зони во град Битола по сугестија на граѓаните.
Се заклучува дека битолчани сакаат улиците околу Градскиот часовник, покрај црквата „Св. Димитрија“, Основното училиште „Гоце Делчев“, па сообраќајниците околу Центарот за култура да бидат пешачки зони. Понатаму, предлагаат за пешаците да се ослободи Булеварот Први Мај од Мостот кај Безистенот, па вдолж реката Драгор се до мостот Сали. Предлагаат пешачка зона да биди и уличката крај ОУ „Кирил и Методиј“, која завртува пред црквата „Св. Богородица“ и излегува пред ресторанот „Ајчо“. Потоа улицата „Никола Тесла“ од Ленски Мост до триаголникот пред Гроздот да биде ослободена од возила. Исто така и споредните артерии на Широк Сокак, онаа пред Пионерскиот дом и погорната „Лазо Трповски“.
Сѐ на сѐ во предлозите се вкучени следните улици: Булевар Први Мај, „Никола Тесла“, „Лазо Трповски“, „Рузвелтова“, „Димитар Илиевски Мурато“, „Св. Кирил и Методиј“, „Јорго Османо“, „Виенска“ и улиците околу Саат Кулата.