2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во текот на изминатата вечер (27.08.2023) во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 18 возачи .Во Битола е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5.01 промили алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот. 

Полицискиот радар вчера регистрираше возило кое се движи со 170 км на час на регионалниот пат  за Демир Хисар, а возачот е еден од 161 казнети за брзо возење во текот на вчерашниот ден. 

Вчера во 17.40 часот Итна медицинска помош пријавила во полиција дека 55 годишен прилепчанец починал додека управувал со своето возило. 

Вчера во 21.20 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот Битола, како и полициски службеници од Криминалистичка полиција во содејство со полициски службеници од Полициско одделение - Велушина, во село Бистрица , битолско, го лишиле од слобода лицето Г.П.(44) од село Бистрица.

„Тој, на 29 јануари на улица ,,Васко Карангелевски“ во Битола со возило удрил во пешакот С.В.(56) од Битола, по што побегнал од местото. Следниот ден во Клиничката болница Битола, С.В. им подлегнал на повредите. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. 

Возач од Битола со иницијали П.Ц. во текот на вчерашниот ден бил пронајден починат на царинскиот терминал на Табановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Лицето на засега непозната возраст од вчера бил на терминалот во Куманово за да ги среди документите и обврските за камионот во кој што останал да преноќи. Во текот на утринските часови, околу 07:20 часот бил пронајден мртов.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани