Полицискиот радар вчера регистрираше возило кое се движи со 170 км на час на регионалниот пат за Демир Хисар, а возачот е еден од 161 казнети за брзо возење во текот на вчерашниот ден.
Еве што вели полицискиот билтен за вчерашната акциска контрола на СВР Битола.
Вчера (18.06.2023) во периодот од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 161 возачи . Од вкупно 161 возачи , 122 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.