Во последниов период во Секторот за внатрешни работи Битола забележани се пријави од граѓани, сопственици или вработени лица во златарници на подрачјето на Битола, за сторени измами од лица кои нудат злато за откуп.

-Имено, при проверка на откупеното злато било утврдено дека од надворешната страна е златна легура, но при пресек се утврдувало дека не станува збор за накит или предмет од злато. Во насока на спречување на понатамошни вакви измами и злоупотреби ги предупредуваме граѓаните, посебно златарниците, да бидат исклучително внимателни при откуп и продажба на злато и златен накит, а секое сомнително лице и сомнителен настан да го пријават на телефонските броеви 192 или 112, на најблискиот полициски службеник или во полициска станица, наведуваат од СВР Битола

Во последниов период во Секторот за внатрешни работи Битола зачестија пријави од граѓани кои се измамени во делот на злоупотреба на личните податоци односно подигнување на брзи кредити во име на трето лице, за кое оштетените не се запознати.

„Во насока на спречување на злоупотребата на лични податоци, кражбата на идентитет, како и злоупотребата на дебитните и кредитните картички, во пресрет на празниците, кога се очекуваат зголемен број трансакции, ги предупредуваме граѓаните да бидат исклучително внимателни во делот на компјутерските измами и злоупотребата на личните податоци.

Денеска претставници од Секторот за внатрешни работи Битола - Отсекот за компјутерски криминал, инспектори од општ и економски криминал заедно со Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај одржаа средба со дел од бизнис заедницата од подрачјето на Битола.

На средбата беше разговарано за зачестената појава на различни видови измами и како да се заштитат од нив. На присутните им беше укажано дека непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка, злоупотреба на платежните картички и други измами.

Со цел да се избегнат такви сценарија, СВР Битола ги предупреди присутните на средбата и останатите граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами при купување на движен и недвижен имот и сите останати измами . Исто така, беше даден совет да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери.

Додека, за време на комуникацијата не треба да се даваат лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции.

СВР Битола ќе продолжи со превентивните активности за спречување на измамите, но и со преземање мерки за откривање и расчистување на извршените измами. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани