АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за определување казнен налог против едно лице за кривично дело nепостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 32-годишник, на 24 март околу 22:00 часот бил затекнат како се движи по улица „Илинденска“ во Битола, со што не ги почитувал донесените прописи и мерки за спречување и сузбивање на коронавирусот COVID-19 и забраната за движење на населението во периодот од 21:00 до 05:00 часот.