2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

2000 евра казна за битолчанец зашто се шетал за време на полицискиот час

Март 25, 2020

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за определување казнен налог против едно лице за кривично дело nепостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 32-годишник, на 24 март околу 22:00 часот бил затекнат како се движи по улица „Илинденска“ во Битола, со што не ги почитувал донесените прописи и мерки за спречување и сузбивање на коронавирусот COVID-19 и забраната за движење на населението во периодот од 21:00 до 05:00 часот.

 

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани