АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Две возила утрово се судрија во центарот на градот на крстосницата помеѓу улиците „Солунска“ и „Климент Охридски“. Според СВР-Битола за среќа причинета е само материјална штета.
Сообраќајка во која според читатели на апла.мк се судриле два камиона и еден автомобил утрово после седум и пол часот предизвикала долга колона на возила и застој во сообраќајот на патниот правец Ресен –Охрид пред превојот Буково.
Читатели на апла.мк утрово ни испратија фотографии со забелешка дека патот бил блокиран подолго време и дека во сообраќајката има и повредни.
АМСМ пак на својата веб страна пишува дека сообраќајот на патниот правец Охрид - Ресен, кај м.в. Буково се одвива наизменично по една коловозна лента.
Играорци од „Хрватско културно друштво ШИД“ од Србија , денеска пред 16 часот кај Предајане во Грделичка клисура во Република Србија враќајќи се од Битола каде беа гости на фестивалот „Илинденски денови“, доживеале тешка сообраќајкна несреќа во која за среќа нема жртви, само повредени. Во сообраќајката учествувале две возила и автобус и според српските медиуми од автобусот каде биле играорците од 33 патници имало дваесеттина повредни. Сите се хоспитализирани и укажан им е лекарска помош.