АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, и на три дена пред локалните избори и неговото заминување не успеа да го исчисти ѓубрето од градот . Вдолж улицата „Партизанска“ има купишта од паднати лисје, кои ветерот повторно ги носи на сите страни. Градот и по 12 години од неговото владеење е опседат со диви депонии особено по течението на Драгор, а за жал не е исклучок ниту централното градско подрачје. Обиколницата и запаленото ѓубриште се посебна тема.
За разлика од него досегашната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи ,како што јавуваат медиумите, барем неделава ги исчистила и измила улиците, тротоарите и јавните површини низ градот.
Ниту еден градоначалник на Битола повеќе не смее да си замине од функцијата без да даде отчет како и на што ги потрошил парите на битолчани.
Полцијата нема информации дека директорката на средното медицинско училиште во Битола, Јасмина Никиќ Десановска, која е обвинета во случајот„ Транспортер“ на СЈО, вчера имала сообраќајна незгода како што објавија некои медиуми.