2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Илиевска-Талески не смее да помине без одговорност како ги трошел парите на битолчани

Октомври 10, 2017

Ниту еден градоначалник на Битола повеќе не смее да си замине од функцијата без да даде отчет како и на што ги потрошил парите на битолчани.

Ниту пак, да помине без одговорност и без да ги врати парите на граѓаните што биле потрошени нетранспарентно, ова денеска на прес-конференција го побара Габриела Илиевска, носител на независната кандидатска листа за советници во Советот на Општина Битола.

Обраќајќи им се на јавноста од пред зградата на Општината,Илиевска потсети дека пред

две години побара ревизија за финансиското работење на Талески и формирање на привремена комисија , но ниту се направи комисија, ниту како советник доби информација како градоначалникот ги трошел парите на битолчани.

-Не така одамна бевме сведоци на најголемиот срам кој можe да го доживее еден град, а тоа е на неговиот прв човек, на градоначалникот, да му биди одреден домашен притвор. Прв пат во својата историја битолчани доживеаја еден градоначалник да им ја води Општината од дневната соба на својот стан-рече Илиевска.

Како доскорешен советник, Илиевска обвинува дека и тогаш кога беше на слобода, Талески ги криеше информациите и од своите сограѓани, ама и од членовите на општинскиот Совет.

- Во овие години ниту советниците, уште помалку граѓаните, не го слушнаа својот градоначалник да каже каде завршуваат парите на даночните обврзници.Цели 12 години трошењето на парите на граѓаните беше мистерија и табу тема-рече Илиевска.

Таа предупредува дека она што и се случи на Битола со владеењето на Талески , не смее да и се повтори и доколку ја добие довербата на битолчани на престојните локални избори најави дека ќе за залага за воведување проектот „Буџет на увид на граѓаните“, што ќе подразбира изработка на посебна програма со која на граѓаните ќе им се овозможи да имаат увид во приливот и одливот на средства од жиро-сметките на локалната самоуправа, јавните претпријатија и на сите општински училишта и градинки.

-За реализација на овој проект не се потребни многу пари, туку само добра волја и желба на локалната власт, институциите да ги претворат во сервис на граѓаните, а нивната работа да биде ставена под лупа на јавноста, рече Илиевска, потенцирајќи дека проектот ќе придонесе за поголема одговорност со управувањето на институциите од страна на одговорните лица, вклучително и новиот градоначалник.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани