Webp.net gifmaker

Најмалиот член во Битолската библиотека е едногодишно бебе, родителите го зачлениле од раѓање

Јануари 23, 2020

Верувале или не, најмалиот член во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола е роден во 2018 година и има само една година. Родителите го зачлениле од бебе иако не може да чита. Тие изнајмуваат сликовници, приказни, бајки за него и редовно му читаат. Сакаат од мали нозе да ја вкоренат љубовта кај нивното дете кон книгата, затоа и симболично членската карта ја извадоа на негово име.

 

„Новите трендови укажуваат на тоа дека се повеќе мајки читаат и се согласни дека треба да им се чита на децата уште додека се во утробата. Исто така, доста важен период од развојот на децата е оној од раѓањето до петтата година, ако тогаш им се чиста се смета дека тие деца и побрзо прозбодуваат и имаат побогат речник. И истражувањето на УНИЦЕФ вели дека ако им се чита на децата од рана возраст, тиа го стимулира развојот на говорот. Затоа и Библиотеката ги следи светските трендови за развој на децата, па и зачленувањето е бесплатно“, вели Фатма Бајрам Аземовска, лице за односи со јавност во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Наспроти бебето, кое е најмал член, највозрасниот активен член во Библиотеката е 80 годишен битолчанец.

„Споредувајќи ги податоци од изминатите години во пораст е бројот на позајмени книги и користење на библиотечните услуги во двата оддели. Бележиме пораст на возрасни читатели кои се вработени и пензионери, што по нашите анализи се должи на квалитетна набавка на литература, заедничко планирање на иновативни програми за нашите читaтели“, велат од Битолската библиотека.

Библиотеката во изминатиот период работеше на воведување на нови и иновативни програми кои допринесуваат за развој на библиотечното работење во повеќе области, како што се работа со слепи лица, лица со оштетен слух, лица со дислексија, активности поврзани со ученици и училишта, невладини организации, писатели, издавачки куќи и други соработници.

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани