2win800x200

Ексклузивно- Двајца Бугари немаат симптоми, но ставени се под здравствен надзор во Битола

Февруари 27, 2020

Двајца Бугари кои соработуваат со битолска компанија се ставени во домашна изолација во Битола зашто претходно биле во Италија, дознава Апла.мк. 

Од Центарот за јавно здравје во Битола за Апла.мк велат дека работниците немаат симптоми на коронавирус, но се пријавиле дека претходно биле во ризичниот регион, па според протоколите се ставени под здравствен надзор. 

,,Двајцата работници денес ја минале границата и дошле во Битола за да работат, па им било кажано дека треба да се пријават во Центарот за јавно здравје. Разговарано е со фирмата каде работат дека не треба да одат на работа и дека според препораките ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена. Во тој период ќе се следат, односно ќе комуницираат со санитатни инспектори и надлежни од Центарот за јавно здравје. Инаку немаат симптоми на болеста, но мора да се помине тој период на здравствен надзор", велат од Центарот за Апла.мк. 

Ова е прв случај на домашна изолација на лица во Битола поради опасност од коронавирус. 

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани