АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Откажани се двата концерта на новосадскиот женски квартет „Фрајле“ кои требаше да се одржат денес во Битола, потврдија за Апла.мк од Центарот за култура. Ваквата одлука е донесена откако Владата препорача да не се одржуваат јавни собири поради опасноста од ширење на коронавирусот.
„Двата концерти се презакажуваат за трети април годинава, ќе се одржат во 18 и 21 часот, а билетите што се продадени за концертите ќе важат за оние што ќе се одржат на 3 парил. Значи, се е останува исто, само се поместува датата, наместо на 29 февруари на трети април“, рече за Апла.мк директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски.
Концертите требаше да се одржат денес со почеток од 18 и 21 часот, а во Битола постоеше огромен интерес за посета на настапите на „Фрајле“. Токму поради тоа беа издејствувани два концерта, а билетите беа разграбани. Четирите дами Невена, Јелена, Марија и Наташа допатуваа во Битола, но концертите ќе можат да ги одржат на 3 април.
Ж.З.