Webp.net gifmaker

Карпатија „апла“ го фати крадецот во куќа на улицата „Караорман“

Јануари 01, 2020
фото фб карпатија фото фб карпатија

За време на новогодишната ноќ,  околу 2 часот по полноќ, крадец  влегол да ограбува куќа на битолскиот Баир на улицата „Караорман“ бр. 86, додека сопствениците биле  на дочекот на Нова година. Но, вработени од Агенцијата за праватно обезбедување „Карпатија“ , како што велат „апла“ го фатиле сторителот на кривично дело во домот на битолчаните, кои претходно го ангажирале обезбедувањето.

-Крадецот беше фатен на лице место и при обидот да избега употреби сила врз обезбедувањето , но брзо беше совладан и предаден на полицијата, велат од Агенцијата за приватно обезбедување „Карпатија“-Битола.

Крадецот во куќата влегол наслино, употребувајќи погоден алат , го исклучил доводот на струја и пробал да го онеспособи алармниот систем кој е директно поврзан со „Карпатија“. Но за среќа фатен е на лице место заедно со пленот што успеал да го земе од куќата.

53861259 2312691889008948 5373870773041627136 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани