2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Светот како смрдлив неофашистички бордел

Февруари 27, 2022

Пишува: Александар Литовски

 
 
Фашизмот кој се рехабилитира и рециклира од денешниве неолиберални „победници“, пред само нешто повеќе од седумдесетина години, сосема лежерно и брзо, го отфрли сè она што дотогаш се претставуваше како највисока културна и цивилизациска вредност и остави зад себе неколку десетици тони женска коса и златни заби исечени и искорнати од несреќниците Евреи, Роми и комунисти, „осудени“ на смрт и уште над триесетина милиони гробови низ разните фронтови и окупирани земји, а сето тоа во името на чистата раса, новата Европа и новиот светски поредок пропагирани од Дитрих Екхарт и Розенберг. Нашиве денешни „жртви на комунизмот“ од царборисовската окупаторска и петоколонашка булумента, во ова епохално злосторство воопшто не биле отсутни и невини. Напротив.
 
Да се пишува и испипше тој крвав амалгам од кошмари и сурова стварност, таа смеса од христијанско, католичко и православно, празноверство и западноевропска цезароманија, од европоцентрични предрасуди и профитерско-капиталистички интереси, е таква грандиозна литератирна и историографска тема, која што допрва ги чека своите Плутарси и Хомери. Ама, затоа, може да се каже и да се предупреди дека денешната неофашистичка мисла и пракса повторно се промовира како прифатлива опција на светската идеолошко-политичка мапа. Впрочем, скоро да нема отстапување меѓу денешната неолиберална географско-политичката карта на Европа и онаа што ја црташе Адолф Хитлер и неговите европски фашистички сојузници.
 
Денес, повторно, масовно, неофашистичката „аптека на измет“ /apotheca stercoralis/ се користи против наводно „токсичниот“ марксизам-ленинизам, против неговата заразна народна „демагогија“ за еднаквост и правда, за ослободување од слабокрвниот „хуманизам и антимилитаризам“, малодушната широка демократијата и анемичниот интелектуализам. Нашите источни неофашистички лекари од школата на прославените антикомунистички „лекари“, генерал Луков и војводата Ванчо Михајлов, токму таква антикомунистичка терапија деновиве ни препорачуваат и со помош на нашите врховистичко-балистички асистенти ни ја имплементираат. 
 
Олигархијата, ситна и крупна, која господари со светот, катадневно, блудничи, пијано 'рчи, кради безмерни богатства, лажи, озборува, плачи за сопствената „немаштија“, подвалува и граба, и заедно со нивните политички слуги, понекогаш, за да ја зачува својата моќ и да го зголемат својот профит го рехабилитира и фаворизира фашизмот, го фаворизира антикомунизмот, војува, пали, коли и убива милиони недолжни луѓе низ целиот свет. А, она што денес се нарекува интелигенција, мижи, молчи и, одвратно, бесрамно им се додворува на властодршците за да го заработи своето парче леб и слава. Измамувајќи ги широките плебејски толпи со мизерна и лажна пропаганда, тргувајќи со уверувањата на саемите на умот човечки кои, модерно, се нарекуваат медиумски и социјални мрежи, создадоа од светот еден голем бордел, една смрдлива неофашистичка јавна куќа, „дополнета и надградена“ со картаџилница и крчма, па сите блудничат, а крвавите и умоболни оргии никогаш не запираат, сите се коцкаат и пијанчат, сите се проституираат, мислејќи дека тоа е единствената „смисла на животот“. А потоа, слично како тргувањето со средновековните индулгенции, во дваесет и првиот век како влезница за небеската панорама, купуваат проштевање за своите „гревови“ преку „хуманитарни донации“, делење петпаречка милостина на уличните питачи и глупавите неделни религиозни ритуали.
 
Човек само може да се нервира, грози и повраќа над оваа проста и перверзна неолиберална претстава, врз фактот што „култура“, „демократија“, „цивилизираност“, „морални правила“ и „морална будност“ проповедаат најголемите светски крвници, експлоататори и блудници. Tиe буржоаски предатори и реализатори на сите денешни војни и човекови страдања, заедно со своите интелектуални слуги кои проповедаат, пропагираат и лажат, секојдневно, за убавините на капиталистичкиот глобализам, за „среќниот“ живот во Хакслиовот животински „свет“, освен за своите земни добивки, немаат никакви други човечки и човечни мисли во главата, а со години како бесни пци 'ржат и лаат на сите оние кои ќе проговорат или направат нешто против милитаризмот и профитот на модерните „јавачи на апокалипсата“.
 
Левински демократијата не само што нема врска со вистинската демократија, туку е нејзина дегенерација до крвава пародија. Или поинаку кажано, не само што, оваа самопрокламирана „демократија“ е, всушност, плутократија, туку таа е предаторски антибиотички систем кој предизвикува и константна масовна меѓучовечка омраза, војни и страдања, и ја масакрира природата во интерес на голиот профит, Оттука, колку побрзо човештвото ќе се ослободи од предаторскиот неолиберален фашизам, толку побрзо ќе дојде до мир, хармонија и сеопшт прогрес.
 
 
 
 (Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)   
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани