2win800x200

Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторот-(пишува Иванчо Тошевски)

Април 16, 2022
Мои драги Битолчани, Македонци, Албанци,Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, ВИСТИНАТА секогаш треба да се знае.
Местото на денешната посета на бугарскиот државен врв во Битола, предводен од премиерот на Бугарија, Кирил Петков, е во истата улица Рузвелтова, во која за време на Втората Светска Војна била сместена бугарската управа во објект кој до пред окупацијата и припаѓал на еврејската заедница во Битола или објект попознат меѓу битолчани како пионерски центар. Токму од оваа иста улица каде денес е отворен Културниот центар Ванчо Михајлов за време на Втората Светска Војна започнува подготовката за депортација на битолските Евреи од страна на тогашниот фашистички окупатор.
Имено, на битолските Евреи во периодот помеѓу 31-ви Јануари и 2-ри Февруари 1942 година, согласно тогашниот Закон за заштита на нацијата и согласно договорот помеѓу германските и бугарските фашисти, на секој Евреин во Битола кој бил глава на семејството му било побарано да донеси фотографии од него и од членовите на неговото потесно семејство. Врз основа на доставените фотографии, тогашната фашистичка бугарска управа во Битола, во судниот час за Евреите ја врши потребната идентификација и истите ги спроведува до железничката станица во Битола од каде подоцна истите се депортирани за концентрационит логор во Треблинка. Овој УНИКАТЕН ИСТОРИСКИ ДОКУМЕНТ на околу 800 страници кој е единствен документ со фотографии од депортираните Евреи, денес се наоѓа во Музејот на Холокаустот Yad Vashem во Израел.
Затоа денес се чудам и прашувам, дали сите вие кои озарени и насмеани го дочекавте бугарскиот државен врв во Битола, претставувајќи се себеси како етнички Бугари, сте докрај свесни за вашата денешна поддршка на неслучајната симболика и пропагнда за која најодговорно тврдам дека е на директна штета на македонско-бугарските односи како и на севкупното интегрирање на регионот во Европската Унија или пак можеби и тогаш вашите семејства беа дел од соработниците на фашистичкиот окупатор?
АХ БЕ ДРУГАРИ, ОД КАДЕ И ОД КОГА ВИЕ БУГАРИ?
Можно е да е слика од 1 лице
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и текст кој вели „Aж BOLNINA Jews deported to the Nazi killing center at Treblinka, Occupied-Poland Note uniform of Bulgarian solder and clear marking on door of the railroad car: Bulgarian National Railroad.“
Можно е да е слика од текст
Нема опис за фотографијата.
 
Иванчо Тошевски, поранешен советник во Советот на Општина Битола од ВМРО ДПМНЕ
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани