АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Годинава EUvsDisinfo во базата на податоци додаде 2.700нови примери на про-Кремљ дезинформации. Ова е она што го запишале
Околу една третина од сите примери на про-Кремљ дезинформации во 2021 година, собрани од EUvsDisinfo, биле насочени кон Украина.
Во услови на ескалација, поконкретно на групирање на руската војска долж границите на Украина, про-Кремљ медиумите продолжуваат да ја прикажуваат Украина како еден најновите агресори (одат дотаму што Украина ја обвинуваат за геноцид над тие што говорат руски во Донбас) и како беспомошна хистерична жртва, која плаче за руска агресија или, пак, тврдејќи дека САД и НАТО ќе ја турнат Украина во војна.
Ваков вид дезинформирање имаме видено и претходно, последен пат во март и април годинава за време на групирањето на руската армија 1.0. И тогаш, како и сега, про-Кремљ медиумите се обидоа да ја прикажат Украина какоагресивна,напуштена од нејзините партнери и земја која ги прекршува меѓународните договори.
Ништо од тоа не е точно, но таквите пораки, направени за одредена публика и потоа дистрибуирани на многу јазици, му помагаат на Кремљ да постигне конкретни цели: дома – да создаде слика за Украина како непријател и да мобилизира поддршка за надворешната политика на Кремљ; во Украина – да се подели и дестабилизира општеството; и на меѓународен план – да се легитимираат постапките на Кремљ.
Во Белорусија продолжува систематското брутално задушување на граѓанското општество и независните медиуми. Според податоци на Здружението на новинари на Белорусија, над 260 новинари годинава биле приведени, претресени, уапсени или биле соочени со административни или кривични пријави. Во моментов, 31 медиумски работници се зад решетки. За жал, вкупниот број политички затвореници во Белорусија од 21 декември досега останува 942.
Според Барис Харетски, потпретседател на Здружението на новинари на Белорусија, медиумските организации и новинарите се под тешка репресија, а јавниот дискурс е речиси целосно потиснат.
Со уништувањето на независните медиуми, медиумските личности кои останаа во медиумските канали под контрола на државата, станаа уште понемилосрдни во оцрнување и етикетирање на секој што ќе се осмели да му се спротивстави на режимот на Лукашенко.
Преку говорот на омраза, со имплицитни повици за насилство врз опозициските активисти, при употреба на присилни признанија на политичките затвореници како платени реклами на Youtube, оваа година белоруските медиуми под контрола на државата докажаа дека тие не се само лојален слуга на режимот, туку повеќе се негови следбеници.
Не е изненадување што повеќето белоруски „специјалисти“ под контрола на државата, заедно со нивните руски колеги, беа подготвени учесници во напорите на режимот на Лукашенко за инструментализација на мигрантите.
Наративот со про-Лукашенко и про-Кремљ дезинформации продолжува да ја обвинува ЕУ за миграциската криза и дека се обидува да ја „дестабилизира“ Белорусија, со што се обидуваат цело време да го оттргнат вниманието од ужасното досие за кршењето на човековите права на режимот на Лукашенко.
Позитивни во оваа ситуација се анкетите на јавното мислење, кои покажуваат дека на медиумите под контрола на државата во Белорусија, им верува само мало малцинство од населението. Во меѓувреме, довербата во независните онлајн медиуми продолжува да расте, при што во јануари 2021 година достигна 49,5%.
Во 2021 година, среде глобалната пандемија, забележавме како про-Кремљ и кинеските мрежи за дезинформација беа сплотени во теории на заговор на „тајни лаборатории“ како дел од пошироките напори за дезинформација и манипулација со информациите за ковид-19.
Годинава имаше и други случаи на про-Кремљ и кинески заеднички интереси.
Конкретно, про-Кремљ медиумите имаа тенденција да го репродуцираат и да го зајакнат наративот на Пекинг кој го негира кршењето на човекови права врз ујгурското население во Ксинијанг.
Руски и кинески медиуми под контрола на државата ја искористија кризата во Авганистан, обидувајќи се да ги претстават САД како „недоверлив партнер“ и да ги проектираат нивните пораки за клучните прашања од надворешната и внатрешната политика: Украина и Тајван.
Усогласувањето на медиумските пораки под контрола на државата не мора да значи систематска координација на напорите за (дез)информирање. Постојат знаци дека про-Кремљ и кинеските актери за дезинформација учат едни од други.
2021 година донесе многу вознемирувачки случувања. Во Русија пред изборите за руската Дума имаше невидена репресија врз независните медиуми при што медиумите и новинарите беа предмет на рутински притвори, рации, кривични гонења и апсења.
Граѓанското општество и бранителите на човековите права, исто така, беа напаѓани. Просторот за јавна дебата и граѓански ангажман во Русија се намалува.
Дезинформациите за вакцините и Ковид-19продолжуваат, при што продолжуваат про-Кремљ напорите да се зајакне скептицизмот за вакцините произведени на Запад.
Алексеј Навални, кој минатата година преживеа обид за атентат, се врати во Русија и годинава беше произволно приведен и уапсен. Про-Кремљ медиумите оттогаш се трудеа многу да го клеветат и да ги потценат неговите поддржувачи.
Сепак, 2021 година не е година на очај. Секогаш има работи кои будат надеж. Според Павел Андреев, косопственик на еден од ретките независни медиуми што останале во Русија, 7 × 7, секој ден има знаци на позитивни промени.
Годината што започна со апсење од политички мотиви на Алексеј Навални, заврши со прием од ќерката на Навални, во негово име, на наградата Сахаров за слобода на мислата во Европскиот Парламент.
Еден од основачите и уредниците на независниот руски весник Новаја Газета, Дмитриј Муратов, оваа година ја доби Нобеловата награда, заедно со новинарката Марија Реса од Филипини. Ова е моќна порака, дека „Новинарството кое е слободно, независно и засновано на факти служи за одбрана од злоупотреба на моќта, лагите и воената пропаганда“. Ова е порака што можеме да ја понесеме со нас во следната година.
На 18 декември Европа ја одбележа 10-годишнината од смртта на чешкиот државник, Вацлав Хавел. На крајот на 2021 година, EUvsDisinfo потсетува на една од неговите незаборавни поговорки: „Вистината и љубовта мора да надвладеат над лагите и омразата“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар