Предлог програмата за работа на Здружението на пензионери Битола за следната година беше предмет на расправа пред членовите на Извршниот одбор, претседателите на пезнионерските ограноци и Собранието на пензионери.
Претседателката на Извршниот одбор Даница Петличкова образложувајќи ја програмата пред присустните истакна дека Здружението ќе продолжи со грижата за остварување на правата на пензионерите од пензиското, инвалидското, социјалното, како и од здравственото одигурување. Исто така, рече Петличкова, и во следната 2023 година ќе се продолжи со давање хуманитарна помош и донации, ќе се посредува при набавка на прехрамбени продукти ќе се обезбедува лабораториска анализа на шеќер во крвата, триглицериди, холестерол и бесплатно мерење на крвен пристисок, односно ќе се води грижа за секој пезнионер.
Претседателот на Собранието на Здружението на пензионери, Крсте Белевски, спомена дека и во престојната година комисиите формирани во ова Здружение ќе се ангажираат секоја во својата област на дејствување да реализира програма според статутарните и програмски активности на Здружението. Дадените предлози и дополнувања од страна на присустните ќе бидат вградени во активностите за 2023 година во која и Петличкова и Белевски на сите членови на Здруженеито на пензионери од Битола им посакаа добро здравје и подобар животен стандард.