АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: проф. д-р Александар Литовски
Да се пишува денес за Рацин, поет, филозоф и интелектуалец, комунист, револуционер и првоборец на македонската национална посебност, значи, скоро, да се преземе неблагодарната улога на „адвокат на ѓаволот“. Оти, очигледно, се води една широка битка, инспирирана и помагана од антимакедонските врховистички и балистички кругови, против македонизмот. Таа битка, се води заедно со општата офанзива против комунизмот и социјализмот во општеството, во „науката“, во она што се нарекува историографија. Па, дури, и во културата се води битка и против социјалистичкиот модернизам. И против сите нивни експоненти, секако. Рацин, без сомнение, е експонент на сето ова, денес непожелно и атакувано, идеолошко, национално и културно наследство.
Се чини дека не е далеку денот кога со Рацин, како и со Коневски, Јаневски, Мито Хаџи Василев, Васил Тоциновски, Иван Катарџиев, Димитар Митрев..., со сите такви македонисти, „удбаши“, „србо-комунисти“, антикапиталисти, корифеи на македонизмот, дефинитивно ќе тргне во пресметка агресивната македоно-бугарската орда одроденици кои заседнале низ државните институции, политичките партии, новинарските редакции и професорските кабинети. Во новата античовечка епоха, се чини, оваа македонска прокомунистичка и промакедонска елита ќе биде испратена во одделот кој се нарекува – непосакувана табуизирана македонска историја. Впрочем, тоа е процес кој го започнаа врховистите уште во деведесеттите години на минатиот век кога бараа „џуџиња“ меѓу македонистите и секојдневно нè малтретираа со наводната потреба од „препрочитување на македонската историја“ и нејзино усогласување со големобугарскиот и големоалбанскиот историографско-националистички наратив.
Во рамките на сеопштата, така да кажеме, политичкопартиска, неолиберална и врховистичка бугаро-македонска антиморална космогонија „Белите мугри“ на Рацин се „цвеќето на злото“ и нешто што врши „отровно, штетно и неприфатливо влијание врз нашата колективна психа“, како што запиша, не така одамна, една врховистичка персона која е дел од македоно-бугарското новинарство и кој е типична интелектуална проститутка на тајкуните и националшовинистите. Секако, ваквата глупава антимакедонска и антикомунистичка вербална дијареја е само една одвратна клевета од анационални позиции. Жално е што за својата противрациновска злоба, за таквата своја антимакедонска и антикомунистичка „иницијативност“, овој неофашист добиваше широка поддршка од некои негови полуписмени „колеги“ и политички истомисленици. Златко Ориѓански, во тие мрачни времиња, со право, револтирано запиша: „Која мајка ве роди бе Цветине, што кучка ве окучи, какво племе ве одгледа, од која семка никнавте, од чија града млеко мајчино цицавте, басивија, басиви, сортата непрокопсана? Коста Солев Рацин беше поет, поетиште....“ За да се види во „која тиква дуваа“ ваквите одроденици обилно наградувани од тогашната „македонска“ власт, требаше да излезат пред нашата јавност со сета своја антимакедонска жестина актуелните бугарски антимакедонски дрдорења и уцени.
Можна е и таква национална перверзија во која Рацин ќе биде оцрнуван, секако, но, тоа е само оти живееме во време на општ атак против Македонците и нивната национална посебност, во време кога вистинските етички и социјални поими ја загубиле својата вистинска вредност, време што дефинитивно решило да се пресмета и да ги мортифицира македонизмот, социјализмот, хуманизмот и правдата, не само во историјата, туку и во актуелната социјално-економска, културна и политичка сфера. Фактички, сега може да се види и сфати колку тие „напади од внатре“ се „истородни“ и „идентични“ со нападите врз македонизмот и македонскиот национален идентитет од страна на големобугарските, официјални државни и неофицијални националистички, кругови. Да се зборува за Рацин малициозно и неуко, се разбира, не само што е невкусно, туку е и антимакедонски чин, но може да се очекува, за жал, таквите „внатрешни“ напади, засилено и „надградено“ да продолжат, секако со помош на спонзорите од дома, исток и запад.
Имено, Рациновата епистоларна оставштина беше и ќе биде на удар, не само заради својата македонистичка определба, туку и заради својата социјално-комунистичка тематика, секако. Ниту еден сегмент од Рацин не е компатибилен со идеологијата и праксата на денешните неолиберални и македоно-бугарски ревизионисти. Наследниците на бугаро-егзархискиот корпус во Македонија ниту сакаат, ниту можат да му простат на Рацин за неговите класно-социјални ставови, ниту за неговите стихови на македонски јазик, ниту за неговата борба за посебна македонска национална култура, која овие експоненти на бугаризмот ја сфаќаат како антибугарска борба. Пократко кажано, Рацин кој стои на барикадата на пролетеријатот и македонството (што тие бугароманјаци го перцепираат како југословенство) е културно-национална величина која мора да биде соборена, искршена на парчиња и закопана што е можно подлабоко под земја. Слично на она што Дерида го разјаснува за „сабласниот лик и дело“ на Карл Маркс, кои лебдат над Европа и светот и ги плашат тајкуните и нивните слуги, така и за овие бугарски националшовинисти и македоно-бугарски врховисти, чии претци и идеи беа поразени во четириесет и петтата година, постои страв од духот на Рацин и неговата „штетна поезија“. А, бидејќи, фашизмот е во подем насекаде, овие наши македонски фашисти и одроденици, ќе се обидуваат да го демонизираат Рацин и да го уништат неговиот дух, оти тој дух е, секако, спротивен на духот на големобугаризмот во Македонија. Затоа, скоро секојдневни, се глупавите јавни ламентации од бугарските политичари и историчари за наводното уништување на „бугарскиот дух“ во Македонија од страна на „удбашите“,, „југословенските-македонисти“ и „србо-комунистите“.
Треба да се нагласи, особено денес кога бугароманскиот врховизмот „повторно јава“, дека Рацин, во тој наш историски миг, во моментот на опасна морална и интелектуална европска и македонска национална криза, се јави, скоро, како единствен морален и интелектуален македонски компас. Тој беше филозоф и поет сред необразованата толпа, сè уште, збунета од средновековните религиозни халуцинации и српско-бугарските политички калкулации, беше интелектуалец со логичен ум во средина која освен религиозни малоумности и груба и животински примитивна сила не признаваше никави други мери, беше Македонец кој знаеше дека има посебна национална индивидуалност и дека е сè минливо, освен зборовите и напишаното на мајчиниот македонски јазик. На Рацин му беше јасно дека, ако заради антимакедонските пропаганди запре македонската реч, ако заради виорењето на воено-фашистичките бајраци, нема повеќе да може да се видат македонската Вистина и Правда, тогаш сè македонско ќe исчезне во чадот на минливоста.
Несфатливо и неприфатливо е да се уништува Рацин, од македонска и политичко-хумансистичка точка на мислење и дејствување. Секако, должност е на сите македонисти, на сите вистински Македонци, на сите чесни и лојални македонски државјани, да застанат во одбрана на Рацин, и неговите соидејници, сочувственици и соборци, од фашизоидните и антимакедонски напади и злобните денунцијации. И денес, и во иднина! Оти, тоа не е одбрана само на Рацин, туку е одбрана на Македонија и Македонците, на правдата и вистината. Треба искоренување на врховистите, балистите, фашистите, треба вадење преку брутална „операција“ на сите заболени делови од националното и државното ткиво.
Треба да се разоткрие нивното глупаво блебетење, во кое преку лаги и полувистини се користат најголемите комунисти во антикомунистичката борба, најголемите Македонци во антимакедонската пропаганда. Дури, во тие неморални дејства, се користи и смртта на Рацин, која, навистина, е само еден несреќен случај од времето на Националноослободителната војна и Револуцијата. И ништо повеќе од тоа! Десничарските националшовинисти и разните исфрустрирани лудаци кои си замислиле дека знаат историја и дека се повикани за сè да судат и пресудуваат, немаат ниту еден валиден и веродостоен доказ за своите шпекулативни тврдења и не можат да посочат никакви мотиви за своите некрофилски халуцинации. Впрочем, бидејќи нема никаква логика во нивните дрдорења, нема потреба за тоа малоумно празнозборие било што да се каже. И, на крајот, токму затоа, чинам, ниту најгрубиот збор, ниту најостриот текст, не само што не се на одмет, туку се почесни одошто молчењето за одвратните лаги за измислената „ликвидација на Рацин“. И добро е да се нотира, за да се знае и да се запамети: на оние што денес молчат околу овие националнозагрозувачки теми, им недостасува основна национална свест, морална совест и човечко достоинство. Затоа, се чини, никогаш не е отповеќе да се препише, барем дел, од „Пофалното слово за Рацин“ на Георги Старделов: „...Тој е тука во нас и колку повеќе одминува времето толку повеќе расте и се извишува тој и неговата поезија како златоврв, толку тие стануваат севременски, вековити и трансвековни. А, тоа пак е така зашто во нив сме збрани сите, сета наша Татковина... станува збор за името на нашата душа, која никаков Мефистофелес не може да ни ја открадне.“
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)