Ученици од Горната гимназија со рецитал го започнаа чествувањето на празникот на градот 4 Номеври.
На рециталот насловен „Поетско ќоше: Ние и револуцијата“ се читаа авторски творби и поезија од македонски поети.
-Настанот го организираме во чест на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола. Рециталот се реализира во училишната библиотека на Гимназијата под менторство на проф. Зоран Ѓуровиќ -библиотекар и проф. Даниела Петровска, проф. по македонски јазик и литература.
Авторските творби на овие млади луѓе се нова еволуција во
револуцијата, затоа што еднаш годишно се одбележува 4 Ноември, но секојднево секој од нас постојано се бори за ослободување од наметнатите неприродни општествени норми, од клаузулите кои го условуваат човекот, против ГМО, против климатските промени, против губењето на сопственото „јас“ во преголемата едноличност.
Овие млади автори кои се гордост на Гимназијата, испраќаат пораки кои го носат бремето на нивната младост, како некогаш што пееле Рацин, Караманов, Богоевски, Неделковски, Андреевски, Матески., информираат од СОУ „Јосип Броз Тито“ Битола.