АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Пет минути винимание за промена во вашите животи“ е мотото под кое денес (24.10 2018, среда) во Битола, Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје ќе оджри бесплатен семинар за мотивација. Еднодневниот семинар ќе се одржи во големата сала на НУ Народен театар Битола во времетраење од 18 до 21 часот. Регистрацијата на учесниците е предвидена за денес од 18: 00 до 18: 30 часот. Битолчани деновиве пројавија голем интерес за присуство на семинарот, па се очекува салата да биде полна.
По успешните семинари во Скопје и Охрид ЕУ ИНСТИТУТ ќе ги мотивира и битолачани.
Секој учесник добива сертификат! Бројот на местата е ограничен. Пријавата и регистрацијата се задолжителни заради изработка на сертификатите.Директниот линк за пријава е
https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/СЕМИНАР или тел: +389 75 228 078
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Предавач ќе биде проф.Д-р Зендел Абедин Шехи
Прмоцијата на книгата „Говорот на телото“ на проф. Д-р Зендел Абедин Шехи што годинава се одржа во НУ УБ “Св.Климент Охридски“ во Битола предизвика голем интерес кај битолчани. Голема посетеност имаше и на двете одржани интерактивни работилници во библиотеката, а ова ќе биде четвро гостување на ЕУ ИНСТИТУТОТ во Битола. Се очекува и овој пат професорот Зендел Абедин Шехи со своето предавање да привлече бројна публика и салата да биде полна слушатели.
“Професионалното и секојдневно усовршување на сите нас е од круцијално значење за успешно надградување на секој човек. Треба се повеќе да се усовршуваме и надградуваме во своите знаења. Да ги подобриме сопствените знаења и практично да ги усовршиме комуникациските вештини, со цел за подобра меѓусебна комуникација, “ апелира проф. Д-р Зендел Абедин Шехи.
ЕУ Институтот редовно врши едукација на компании, вработениот кадар на приватни клиники, хотели, обука на студенти, едукација на просветни работници од образовниот и воспитно-образовниот систем, обучува кадар во општините како во Македонија, така и во Европа.
Семинари, класични и интерактивни работилници се дел од сегментите со кои се занимава ЕУ Институтот за менаџмент, право и дипломатија. Ова се основни сегменти на дел од секое работење, на секаков вид на кадар во фирми, институции или поголеми компании.
За работата на ЕУ ИНСТИТУТОТ до сега сведочат 10.000 лица кои беа дел од нашите обуки и семинари ( во Македонија и Европа ) и 27 одржани интерактивни работилници, едукација и семинари во 2017година. Во 2018 година само до септмври беа обучени дури 2000 лица.