АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Постои нешто кое знаеме дека сакаме да го направиме, а не сме направиле ништо во врска со тоа. Mожеме, а само одолговлекуваме или бараме изговори.
Понекогаш не ни размислуваме. Ни се чини како да немаме никакво влијание врз тоа во нашиот живот. И со голем процент на точност знаеме што сакаме да направиме, само можеби заклучени и заглавени некаде во некој ментален образец стоиме в место. И така животот поминува не правејќи ни минимален чекор се додека не се прашаме: Како би изгледал нашиот живот за 5 години ако останеме со истиот образец и истото однесување во оваа област? Или пак за 10 ? а како за 20 години?
Можно е да се појави болка која ни ја покажува цената што ја плаќаме останувајќи на исто, она што го пропуштаме, за она што веруваме, а станало наша судбина и за она КОЕ сакаме да бидеме, а не сме. Свесно или несвесно не си дозволуваме ни да помислиме, а не да стапиме во акција. А, времето кое го имаме како неограничена димензија од друга страна за нас ќе има крај. И тоа е фактичката состојба. Само како пример: здраво да се храниме, да дадеме отказ, да ја промениме професијата, да одвоиме повеќе слободно време, помалку да работиме, повеќе да уживаме, да раскинеме некои токсични врски, да се смириме со некој кој ни е близок, да се чувствуваме здрави, вредни, заслужни, да промениме однесување кое не го сакаме итн итн.
Незнам што е она што Вие не го правите ама сега со сигурност знам дека на 7 години сум заклучена во ментален образец за кој не бев свесна, а станал моја судбина А, не е! Тоа сознание го искреира мојот прв чекор…Па, ако нешто не променам дали нешто ќе се промени за 5, 10 или повеќе години.?
Размислете и Вие, а ако незнаете како тука сум! Дикенс процес е вежба која е клуч за отварање на вашата ризница на мотивација, а една сесија може да ви открие многу! Изборот сепак е на Вас....
Пишува
М-р Билјана Галовска, професионален коуч и НЛП практикант
Инфо Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел број 072/252-603