АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извршниот одбор на Здужението на пензионери од Битола под претседателство нa Tоме Димитровски одржа седница на која се расправаше за склучување на договор со превозниците за патување во градскиот автобуски превоз и екскурзии низ земјава. Се зазеде став цената на билетот за градскиот превоз да не извесува повеќе од 10 денари, а низ земјава да не биде повеќе од 50 денари. Сегашниот билет изнесува 20 денари, а Здужението е со став пензионерите да плаќаат по десет денари и уште толку да субвенционира за нив Здружението. За таа цел в вторник ќе треба да се одржи уште еден состанок со битолските превозници и да се дефинира договорот што ќе биде склучен.
Извршниот одбор донесе одлука за пензионерите да можат услуги за крвни анализи да добиваат во лабораторијата во Клиничката болница во Битола. Ќе треба да се прецизираат деновите кога пензионерите ќе можат по потреба да вршат анализи.
Се донесе и одлука на Интерното одделение при Клиничката болница во Битоа по повод 7 април, Денот на здравството, да се даде донација во постелини. Хуманитарна помош ќе добие и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор за организирање меѓународна конференција од 16 до 18 мај во Битола по повод 70 годишнината од Заводот.
Воедно, беше одлучено на Регионалната ревија што на 18 април ќе се одржи во Прилеп, битолските пензионери да ги претставува „Сирма војвода“. Победникот ќе учествува на државната манифестација.