2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Паркирање без одговорност

Април 24, 2019

Нема да најдете обележан паркинг во градот каде што ќе паркирате без да немате одговорност да платите, освен пред Советот на Општина Битола. Таму 31 избран советник може да паркира без никаква одговорност.

Ама (не)одговорноста за паркингот, за жал се пренесува и во советничките клупи. Нашите советниците сакаат гласаат, сакаат не гласаат, сакаат се курзираат, сакаат се извинуваат.

Последново најдобро се отсликува на вчерашната седница на Советот  кога се носеше одлуката за формирање Јавно претпријатие за паркинзи и организирање јавен превоз во Битола. А пред советниците беше една од главните градски теми што би рекле разговорно битолчани „Битола да не е веќе Стентонград“.Се донесе одлуката да се формира јавно претпријатие кое ќе го преземе управувањето со зонското паркирање, зошто на  сегашниот концесионер договорот му истекува во јуни 2019 година.

Ама гласањето на далечинско е такво. Едни „мудро“ повикаа на  поединечно гласање, други обвинија за политички популизам и си заминаа на среде седница, а  трети останаа загубени во преводот. Бараа информации плус, иако уште лани во септември од истата говорница прашуваа зошто се чека десет месеци за да се донесе ваква одлука и зошто ќе се чека уште толку за да биде реализирана.

Едноставно, некои не успееја да ги прекинат врските што екс градоначалникот Талески ги плетеше со одредени бизнисмени во градот.

Па, паднаа обвинувањата од типот кој им врти грб на битолчани, па обвинувања за ефтин политички популизам, за на крај советниците да „поентираат“ со извинувања за клевети и навреди околу тоа кој бил  оправдано, а кој неоправдано отсутен од салата.

Во таа оправданост и неоправданост,  советниците заборавија дека имаат одговорност кон граѓаните, кон оние што ги избрале.

Заборавија дека во советничките клупи се за да носат одлуки во интерес на битолчани, а не за лични промоции, за партии или поединци. Заборавија и овој пат дека за нивната (не)одговорност секој месец  се наградени со паушал од 16 000 денари, пари на битолчани. Пари кои илјадници наши семејства со работа и труд не можат да ги заработат за еден месец.

Затоа, да ги потсетиме советниците дека нивната (не)одговорност ќе дојде на дневен ред пред битолчани за  две години, кога без извинување ќе им го испорачаат билетот за бесплатното паркирање.

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани