2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Fake News или мижи Асан да ти баам! (Пишува Татјана Крнчева, советник)

Септември 24, 2019

tatjana1Fake News во основа се злобниот брат близнак на денешниот медиумски простор во општествено политичкиот живот во Северна Македонија кои што често ги поистоветуваат со вести без доволно аргументи ако во основа тоа се квази новинарски измислици кои и тоа како се пред сѐ прекршочно дело за замајување и погрешно информирање на јавноста.

Имено, Fake News не се лажни вести. Самиот назив има посоодвете превод во македонскот јазик, а тоа е „шунд” или „отпад од вести” или „така наречени вести”.

И со тоа завршивме во првите три реда за веродостојностана Fake News како воопшто алатка која треба да се компарира во новинарската фела. Дотолку повеќе што Fake News не се ни „жолт печат” тој барем ја имаа таа нота на „рекла - кажала” синдром туку се сметаат за исклучиво политичка пропаганда која има за цел да дискриминира – дезинформира и наштети на некој или нешто и традиционално како „вести” се користат по интернет медиумите или преку некоја форма на медиуми на социјалните мрежи за кои веќе се изготвува нацинална платформа за нивно регулирање.

Имено, Fake News дури и на Запад не се толку навлезени во општествено политичкиот живот туку се користат за пари како секој клик на интернет порталот значи читаност, а поголема чистаност сака секој потенцијален клиент за рекламиеање.

Така пример, американскиот претседател Доналд Трамп три пати е закопан. И тоа оди како вест од најчесто шестокласен интернет портал кој е матица или матрица во која само се става веста дека Доналд Трамп ненадејно почина синоќа.

Медиумите кои „цицаат” од матрицата, веста ја споделуваат како преземена, но со фотографии од претседателот на САД без притоа да интервенираат во содржината. И така за час или два цел свет е во заблуда дека претседателот на САД починал додека не се стигне до матрицата и не се прочита дека навистина починал Доналд Трамп, но фармер на 89 годишна возраст од Илиноис.

Во нашата ни мила, ем драга, таквите вести се процесуираат на истиот начин. Се формираа матрици т.е. матици на извор на веста. И тоа најчесто се квази интернет портали кои се толку добро информирани што знаат што утре за ручек ќе има на “софрата” и во едните и во другите политички кујни.

Традиционално овие т.н. медиуми имаат регистрации во некоја од западните земји од ЕУ или поточно Швајцарија или Германија каде софтверите се и тоа како моќни за доволно да издржат и правни “хакерски” напади.

Импресиумот секогаш се попатни имиња и презимиња од лица кои мајка не ги родила, а самиот текстуален дел е срам за македонскиот литературен јазик и писмо.

Откако ќе се формира таква вест, која има за цел само и само да наштети на политичкиот опонент при што не се внимава ни на новинарска етика и морал кои се мислени именки за овие т.н редакции, тогаш настапуваат партиските медиуми кои веродостојно од збор до збор ја пренесуваат лажната вест како вест која не дека тие сметаат дека е вистина но ете се сомневаат дека во неа има вистина, но секогаш повеќе пати напоменувајќи дека сепак се оградуваат од веродостојноста.

И така се раѓаат и умираат големи балони топол воздух спаковани во убава украсна хартија кои им се продаваат на читателите како топ или екстра ексклузивна вест од светот на политиката.

Ние тоа го поимиме и како фрлање магла во очи.

И што ќар? Нашиот народ веќе кубури со своето слободно време, па е целосно политизиран и во таа желба некој на некого нешто да му каже или открие и реално нема време да прочита веродостојност на веста па лесно и вербално потоа ја прераскажува повикувајќи се на медиумот т.е. матрицата.

На крај сите знаеме дека Fake News барем не на Балканот никогаш не паднале ничија влада или изнудиле оставка од министер небитно од која политичка опција доаѓа. Таквите вести се користат за „пумпање на малото его на небитните” кои ете посакале да си играат со „големите” играчи.

И секако. Поборник сум за дебата и оставки и кривична, не само морална одговорност, ако веста е откриена со истражувачко новинарство па Јавното обвинителство само ќе ги преземе фактите и доказите. Вака, искрено ми е грозно да гледам како една политика номенклатура сака да ѝ „наштети” на друга преку буквално понижување на интекелтуалниот капацитет на народот т.е. електоратот од кој потоа ја бараат довербата на било која форма на избори со зборовите „но, ние не лажеме”.

Платформата на Владата за регулирање на медумскиот простор во одличен дел наиде на целосна поддршка од сите редакции освен оние „медиуми” чии редакции се плод на нечија болна имагинација. Дури и здруженијата на новинарски работници имаа реакција да се внимава т.е. прекине со споделување на информации кои доаѓаат од ваков вид „медиуми”.

Но секогаш имало 1.000 затоа како што претходно имало 1.000 зошто.

Само на крај како и на почетокот од секој ден образ еквивалент на ѓон од чевел има некој кој комотно живее од народните пари и за сите тие пари го лаже сопствениот народ за уште повеќе пари.

Но и за тоа има и век и лек. Се тече – се се менува ама срамот не се пере.

Пишува Татјана Крнчева, советник во Општина Битола 

 

 

 

тавовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани