2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Лага, поголема лага, најголема лага!-(пишува Валентин Груевски)

Април 30, 2020

 

Почитувани пријатели,  во текот на вчерашниот ден Битолскиот совет, за првпат  одржа електронска седница на која беа донесени неколку точки од исклучително значење за дел од граѓаните на Битола, пишувам за дел, бидејќи за сите, ниту некогаш, ниту некој може да им погоди, онака како што тие замислиле, а пак ниту тие знаат како тоа  го замислиле и како треба да изгледа.

На седницата беа донесени неколку сериозни одлуки, како на пример одлуката со која се обезбедуваат средства за реконструкција на покривот на градинката „Коца Василева“, се обезбедуваат средства за асфалтирање на неколку улици во Долно Оризари, се решава проблемот со канализацијата и водоводот околу Офицерски дом. Беше прифатена донацијата од 100 таблети за децата кои потекнуваат од социјално ранливи категории и уште неколку други одлуки кои им се потребни на дел од институциите под општинска капа за нормално функционирање.

ЛАГАТА

Лагата во политиката, а и во обичниот  живот е нешто што од секогаш ми пречело. За жал, и после две и пол години функционирање во Советот, постојат советници кои сакаат да излажат, да бидат во центарот на вниманието, да бидат ГЛАВНИ, да се претставуваат како борци за добро, за правда, за еднаквост, за интересот на граѓаните, да го отргнат вниманието  кон споредни работи, и сето тоа е подносливо, доколку се работи за политичка борба, ама кога се почнува да се навредува  по сите и по секој е тогаш морате да се браните, односно да ја зборувате вистината.

И кога сакате да зборувате и да бидете во центарот на вниманието, мора некогаш нешто и да прочитате, да знаете, законите се менуваат поради кризата на дневна основа, не се доволни постовите по социјалните мрежи. Не можете секоја идеја, која ќе ви текни некое мамурно утро, да ја преточите во одлука на еден орган, како што е Советот на Општина Битола, затоа што одлуките мора да бидат поткрепени со закон, а не паушални и неспроведливи.

Одлука

Токму таква одлука вчера некој се обиде да протне на Совет, Одлука со која ќе се одвојат 500.000 денари за маски од буџетот на општината и тие маски да бидат делени на граѓаните. Сето тоа убаво звучи за уши, личи на загриженост, личи на совесност, убаво спаковано со оглед на ситуацијата,  ама во стварноста не е така. Зошто? Што и како ќе се купува, што и како ќе се троши, што и како ќе се презема одлучува Кризен штаб, кој ние како Совет сме го избрале (неговиот персонален состав), и тој ги решава проблемите поврзани со кризата. Во него членуваат првите луѓе на сите  здравствени институции во Битола. Сите набавки, поврзани со кризата, според закон, доколку има потреба, се вршат со постапки со преговарање, постапка која е многу побрза од другите постапки за набавки, односно побрзо од она што вчера ни се предлагаше. Ќе ги закочевме постапките, ама зарем тоа е битно. Важно има што да се пишува по фејсбуците.

Поради тоа гласавме воздржано, и кажавме доколку има потреба и тоа од нас го побараат ќе се собериме и ќе гласаме, ама во овој момент ние не сме телото што носи одлуки, ние не ги знаеме податоците, ние не ги знаеме трендовите,  ние не донесуваме мерки. Имаме право да го промениме Кризниот штаб, ако сметаме дека не работи добро, ама не да се мешаме во неговите одлуки. За да бидам појасен во објаснувањето, за тие што можат да разберат, бидејќи на некој очигледно му е тешко, не може Собранието да донесе одлука на Антикорупциска комисија, без разлика што таа е избрана од него, таа   носи одлуки од нејзината надлежност.

И уште не можам да разберам како некои не разбраа дека времето не е за лажни вести, за лажење, за лажни грижи. Време е на вистина, вести и вистински грижи. И добро е што некои „се грижат“, оти ако оставеа на некој друг бројот на заболените ќе беше 5.000. Благодариме за грижата!

И да се согласувам, „умо со инка не се тура“, ама одвреме-навреме, некогаш нешто треба и да се прочита. Чисто за да се биди во тек.

Пишува Валентин Груевски-претседател на Советот на Општина Битола

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани