Webp.net gifmaker

Пет големи работи за Битола (пишува Валентин Груевски)

Декември 18, 2020

 

На крајот од 2020 година, полека се средуваат впечатоците од она што се постигнало во оваа година, и срамежливо се појавуваат можностите и се најавуваат желбите за наредната година. Секој во својата област, народски кажано, трга една линија и ги сумира резултатите од годината која заминува. Во 2020 година, најголемата трага, траума, впечаток, потпис остави здравствената криза. Секој од нас ја почувствува во различна форма, ама мојот впечаток е дека никој не остана надвор од нејзините пипци.

И во една ваква криза, во Битола се случуваат и ќе се случуваат неколку големи работи кои ќе останат во еден долг период и чии бенефити ќе ги користат многу генерации битолчани. Знам дека голем број наши сограѓани, беа скептици и не веруваа дека ќе се реализираат, ама времето ги демантираше и ќе ги демантира во следниот период

  • Офицерски

По мене, најубавиот дел на Битола, не само како објект, туку и како целокупна област, го враќа својот сјај.  Од третманот кој го имаше,  обична зграда која треба да се продава и имот кој треба да се раскрчмува, повторно е објект кој е веќе гордост на сите нас. Објектот е речиси готов, следува уредувањето околу него, за некаде на пролет повторно биди објект кој ќе функционира, ќе биди жив, ќе има живот во него  и кој ќе ни биде достапен на сите. Повторно многу генерации ќе ги испишуваат своите спомени во него.

  • Стадион

Инвестиција реализирана само со општински средства, 5,5 милиони евра, и на која веќе се гледа самиот крај, е остварување на желбата  на огромен број заљубеници во најважната споредба работа на светот.  Со уредувањата на инфраструктурата околу него, добиваме  објект, на кој ќе можат да се  играат и меѓународни и репрезентативни натпревари. Ако правилно се искористи, стадионот со цел деловен простор, спортски дел и близината до Шеталиштето  може да стане извонредно атрактивна локација која ќе носи бенефит за цел град.

  • Градинка(и)

Битола добива нова градинка. Еден  огромен проблем, листи на чекање, пренатрупаност на групите, голем број на деца во една училница, ќе станат минато. Градинката ќе биди во касарната, капацитет од 260 деца, најсовремени стандарди и материјали. Спред најавите кои доаѓаат од Министерството за труд и социјална политика, истото е заинтересирано за иградба на уште една градинка кај училиштето Климент Охридски, а најавената реконструкција на поранешниот Мајчин дом ќе биди решение за сите погоре наведени проблеми.

  • Спортска сала

Сосема на крај се подготовките за почеток на реконструкција на спортската сала. 400.000 евра ќе бидат вложени во подобрување на условите во салата, и се надевам дека ќе се реши проблемот со  затоплувањето и ќе имаме нормални услови за натпревари. Ќе биди променет покривот и дограмата, а во неа повторно оваа година ќе се играат големи ракометни дерби средби, а како што добро почнавме, блиску е и кошаркарскиот плеј-оф.

  • Жичара

Знам дека има многу скептици, ама јас верувам во идејата и желбата  на Премиерот и министерот Горан Милевски да ја истуркаат идејата за нова жичара во месноста Орлови Бари. Идејата е стара многу години, ама најверојатно сега дојде времето за нејзина реализација. Излишно е да се зборува што ќе добиеме  со тоа и кои ќе бидат бенефитите од неа, бидејќи знаеме што значи тоа за сите нас.  Убеден сум дека со заеднички сили на сите фактори, идејата за многу брзо може да биде реалност.

Дотогаш ќе ги истрпиме скептиците, ама пак ќе ја изгубат ,,војната“.

Пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани