2win800x200

Да не речам, смешна реформа (пишува Димитар Пипилевски)

Декември 27, 2020

 Пишува Димитар Пипилевски, наставник по германски јазик

 

Ова го пишувам поттикнат од најавите за реформи во образованието. Го пишувам како просветен работник, социјалдемократ, но, пред с'е како родител.
Спојувањето на предмети во еден, под изговор дека се учат непотребни факти (што е вистина) е катастриофална грешка која не смее да се случи. Имено, доколку се сака реална и ефикасна реформа, прво треба да се променат наставните програми, фондот на часови и да се обрати внимание на функционалната писменост. Што значи, прочистување на материјалот што се изучува, адаптирање на методите и наставно-дидактичките средства итн итн, но не и една ваква, да не речам смешна, реформа. Секој оној што држел дневник в рака знае колку е битен континуитетот за усвојување на еден материјал. Наместо да ја поправиме грешката на претходната власт-еден час неделно музичко и ликовно, ние дополнително ќе ја проблематизираме. Образованието не е нескафе три во едно, а брзата кучка, слепи кучиња раѓа, велат.
Доколку се сака да се изучуваат предметите и компаративно и синхронизирано, доволно е да се синхронизира материјалот (пример историја и географија).
Кога ќе сфатиме дека не ни треба ни фински, ни норвешки, ни кембриџовски модел, туку македонски? Постои и еден фактор кој никој досега не го зел предвид-социолошкиот (поднебјето, потребите...).
Реков ова го пишувам и како социјалдемократ, па затоа и сум непријатно изненаден од (не) реакцијата на моите сопартијци(секоја чест на исклучоците) кои доаѓаат од образовната фела. И доколку не реагираме на ова, ниту сме социјалдемократи ниту, воопшто, демократи, туку лицемери. Токму, меѓу другото, против ова и се боревме. Се боревме против немањето дебата, јавно мислење, анализа...
С'е додека власта, па била и наша, не сфати дека образованието е темелот на општеството и не се дозволени брзоплети експерименти, нема да не биде.
Толку можам со пишување објава, а има уште мнооооогу да се каже.
 
П. С. И моите сопартијци можат да лајкнат или да искажат мислење. Никој нема да ве кара-ние социјалдемократите не караме, туку поттикнуваме дебата
 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

      

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани