БЛАГОДАРНОСТА КАКО МЕТОДА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОДОБАР ЖИВОТ

Април 08, 2018

Кога ќе ги прашаш луѓето ,,што имаат“, многу потешко одговараат, размислуваат, се обидуваат да се присетат - отколку кога ќе поставиш прашање ,,што немате“ или ,,што сакате да имате?“ И зошто е тоа така?

 

Па, драги мои, затоа што она што го имаме секогаш го земаме ,,здраво за готово,, како да е тоа нешто што вообичаено и треба да постои во нашиот живот. А можеби утре да би го изгубиле тоа нешто би биле многу несреќни и разочарани.

Благодарноста е духовна метода со која се креира подобар живот. Таа значи да освестиме се она што имаме почнувајќи од себе сами- очи да гледаме, уши да слушаме, нозе, раце со кои се служиме, здравје, кревет, вода, автомобил, парфем, мобилен телефон, шоља чај, разговор со пријател, семејство, поддршка од блиските, отворен ум, работа, колеги, тешки односи од кои можеме да научиме и што ли уште не. Ако станете свесни за сето она што го имате во вашиот живот и ако барем 21 ден ја практикувате благодарноста или изнаоѓате секој ден 10 нови работи на кои можете да бидете благодарни Вие ќе живеете порадосен живот. Вниманието насочено кон она што го имаме помага да ја смениме сопствената вибрација, а на таков начин вибрирате изобилство и ќе добиете повеќе од тоа. Иако под изобилство многу од нас подразбираат пари, размислете зошто тогаш постојат толку богати луѓе несреќни.Моќта е во нас сами и преку благодароноста освестуваме дека сме во изобилство наспроти беда, сме во радост наспроти тага, има и бело наспроти црното.

На што ќе го ставиме фокусот е наш избор.

Денес изберете да станете свесни за сето она што го имате, па дури и за падовите кои ги имате. Тие не се тука да ви ја покажат вашата неспособност. Тие се тука да ве научат како да се однесувате кон сопствениот живот, да прогресирате, еволуирате, бидете радосни. За крај сетете се на некој проблем од минатото на кој сте потрошиле време и енергија грижејќи се, а денес ви изгледа како ланскиот снег. И уживајте во себе затоа што добро рекле старите ,,што било поминало, што ќе дојде ќе помине“. Препуштете се на она што е сега, ставајќи го фокусот на добрите нешта во вашиот живот и искреирајте иднина полна со изобилство.  

Пишува: Билјана Галовска, 

професионален коуч и НЛП практикант

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани