АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Алал-
Фотографот и верен истражувач на делото на браќата Манаки, Роберт Јанкуловски, сними документарен филм „Манаки –приказна во слики“ и објави монографија за првите сниматели на Балканот на 180 страници.
Во Архивот во Битола се чуваат околу 17 000 негативи, од кои 7000 се стаклени плочи и плус има околу 6000 фотографии на хартија на браќата Манаки. Јанкуловски беше првиот кој скенира и дигитализира околу 1000 негативи од стаклените плочи на Манаки, на тој начин заштитувајќи ја нивната содржина и правејќи ја достапна за јавноста.
Ј’зк-
Туристите во Битола се сликаат пред споменикот на Филип Втори чиј постамент се распаѓа. Паднати се дел од мермерните плочи, а оние што останаа често пати им служат на некои млади битолчани за испишување на недолични пораки. Туристите можеби мислат дека споменикот е во реконструкција, а не можат да ги прочитаат ни вулгарните пораки, но битолчани можат и се срамат од состојбата. Филип не го спаси ни снежната топка во која го ставија за Нова година како да е лампион. Што е следно?