2win800x200

Битолската граѓанската иницијатива за субвенционирана тарифа „24/7 субвенционирана струја “, направи анализа и пресметка на финансиските импликации од прифаќањето и воведувањето на субвенционирана струја за граѓаните на пелагониските општини Битола, Новаци и Могила. Членовите на Иницијативата во декември и јануари годинава побараа податоци од Регулаторната  комисија за енергетика и ЕВН за анализа и пресметка на финансиите.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, Битола е лидер во Македонија по негативниот природен прираст во последното тримесечје од 2017 година. Во овој период во Битола се родени 218 бебиња, а починале 299 лица, од кои едно е  новороденче, со што природниот прираст е -81.

По сушните декември и јануари, Битола доживува вистинска снежна идила на крајот од февруари.

Разбојник со вперен пиштол во вработените ограбил аптека во Битола. Настанот  се случил синоќа  околу 20 часот, кога  во битолската полиција било  пријавено Разбојништво од страна на вработена во аптека лоцирана на ул.“Филип Втори Македонски“. Непознато машко лице влегло во аптеката и веднаш се упатило позади работното биро, каде што вработените го броеле дневниот промет, извадил и репетирал пиштол, и откако ги зел парите и еден мобилен  телефон се дал во бегство.

Со едукативна трибина во орагнизација на Центарот за европски развој и интеграции, Здружението за одржлив развој СФЕРА Македонија- Битола, „Сумнал“-здружение за развој на ромската заедница и Организацијата на жени од Битола, беше одбележан Денот на социјланата правда-20 февруари. Целта на оваа трибина е да се актуелизира потребата за суштинска борба против сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста и општествената маргинализираност , и да се подигне степенот на информираност но и ангажираност на граѓаните за остварувањето на принципите на социјална правда кои се предуслов за просперитетно и хумано општество.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани