2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Малку недостигаше Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола годинава да го носи мотото „Manaki Мothers“ зашто голем дел од годинашните кинематографери и други гости се жени. Но, бидејќи не се обезбедија големи женски имиња за добитници на главните награди, ова можеби ќе остане како идеја за следната година, најави директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски.

 „Имаме огромен број кинематограферки и други жени кои учествуваат во сите натпреварувачки програми. Имаме повеќе жени во двете жирија за документарната и главната програма“, рече тој.
 Иако беше најавено дека петочното отворање ќе биде со италијанско-американскиот филм „Раката на господ“, место него ќе се прикаже францускиот „Мајка и син“.

„Имајќи предвид дека за дистрибуцијата на ‘Раката на господ‘ е одговорен ‘Нетфликс‘, кој има ригорозни високи стандарди за превод, тие сакаа да го направат низ многуте нивни филтри и нè ставија во неизвесност дали ќе го обезбедат преводот до почетокот на фестивалот. Не сакавме да ризикуваме, затоа се согласивме да го ставиме на програма следниот ден“, рече селекторот на главната програма Слаѓан Пенев.

За разлика од лани, кога беа прикажани дваесетина филмови, годинава од 19 до 26 август ќе има трипати повеќе, односно над 60. Во официјалната конкуренција се 14 филмови кои освоија многу награди на другите фестивали. Во Битола ќе има премиера на македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски. Вториот македонски филм е „Мими”, во режија на Даријан Пејовски, кој имаше премиера на Синедејс.
 

Паралелно со филмската програма во Центарот за култура и во киното „Манаки“, во бавчата на Офицерскиот дом ќе има ревијални проекции на македонски филмови од програмата „Мак корнер’’. Организаторите сметаат дека „Браќа Манаки“ е местото каде што треба да се промовира и домашната филмска продукција. Ќе има и изложби, настапи на музичари и настани кои ја презентираат битолската традиција.Тоше Ивановски се осврна на Офф програмата која е придружен дел на Фестивалот.

0
-На Офф програмата работи тим креативци кои го покажуваат посебниот интерес на Битола кон фестивалот „Браќа Манаки“ како дел од нашата колективна меморија, нашиот идентитет и нашето историско наследство. Од исклучително значење е да кажеме дека Фестивалот „Браќа Манаки“ не е фестивал на некоја елита, туку е фестивал на граѓаните. Концептот на офф програмата е мошне атрактивен, со секојдневни изложби, колекционери кои ја раскажуваат филмската приказна на градот, живи слики, концерти на филмска музика...Особено сме горди што ја имаме за прв пат изложбата на Наум Карабатак, кој учел кај Манаки и која е наше историско наследство. На овој начин го презентираме живото културно наследство со Манаки, она со што сите ние како битолчани се гордееме. Би ја издвоил и изложбата на Државниот архив во Битола со која се одбележува 140 години од ражањето на Милтон Манаки. Таа има сериозно културолошко значење не само за градот, туку и пошироко, рече Ивановски, кој истакна дека сето ова заедно со концерти на филмска музика и настапи на познати музичари ќе го направи градот жив и интересен.

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ наместо во втората половина на септември, како што беше случај во изминатите години, ќе се одржи на крајот на месец август и тоа во рамките на „Бит фест“. Филмскиот фестивал ќе се одржи од 20 до 27 август во Центарот за култура и Офицерскиот дом во Битола.

„Тоа беше концепциска одлука и на фестивалот да биде порисутен и со поголема јавност имајќи предвид дека во летниот период градот живее подинамично , па се очекуав да има и поголема посететност. Настани на фестивалот ќе има и отворњени сцени, па ќе има повеќе гости“, изјави градоначалникот Тони Коњановски.

Фестивалот „Браќа Манаки“ годинава ќе добие повеќе средства од Општината во споредба со претходните години, а ќе биде финансиран и од Министерството за култура.

Интернационалното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција на годинешното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде предводено од Суки Меденчевиќ (Suki Medenchevich), американски кинематографер со потекло од Босна и Херцеговина. Меденчевиќ, меѓу останатите педесетина филмски проекти во неговата досегашна кариера, е кинематографер на филмовите „Големата вода“ и „Берлин проект“ на Иво Трајков и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски.

 

Ѝ благодарам на публиката што остана до крај да го гледа филмот. Луѓето кои претходно работе на Фестивалот ми кажаа дека многу малку остануваат на премиерата, а потоа се враќаат на коктелот. Тоа што останавте е доказ дека Битола има вистински филмски вљубеници, рече Симеон Дамевски, директор на „Браќа Манаки“. На отворањето беше прикажан филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума, а Пациото во Завод и музеј Битола остана полно со гости, иако поради протоколите со намален капацитет до 250 лица. По проекцијата целата екипа од филмот се поклони пред публиката.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани