2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЗА РАЗЛИКА ОД ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ, ПУБЛИКАТА ОСТАНА ДО КРАЈОТ НА ФИЛМОТ НА „БРАЌА МАНАКИ“

Септември 17, 2021

 

Ѝ благодарам на публиката што остана до крај да го гледа филмот. Луѓето кои претходно работе на Фестивалот ми кажаа дека многу малку остануваат на премиерата, а потоа се враќаат на коктелот. Тоа што останавте е доказ дека Битола има вистински филмски вљубеници, рече Симеон Дамевски, директор на „Браќа Манаки“. На отворањето беше прикажан филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума, а Пациото во Завод и музеј Битола остана полно со гости, иако поради протоколите со намален капацитет до 250 лица. По проекцијата целата екипа од филмот се поклони пред публиката.
 
242056668 363515828768201 8299193654965900056 n 
 Фестивалот на свои плеќи го понесе директорот Дамевски, кој не премолчи ни еден пропуст. Од сцената јавно проговори дека имаа мала незгода кога се навали филмското платно додека на сцена беа претседателот Пендаровки и лауреатот Бергер, како и за неколку минутниот прекин на прокцијата поради проблеми со струјата.  
 
„Да кажам четири нешта кои в година нема да се случат. Ќе имаме пократко отварање, ќе има кафе чај и пијалаци на отворањето за освежување, ќе внимаваме да не влезе кеса во вентилаторот што го дува филмското платно, ќе внимаваме кога го затемнуваме просторот да нема електрична склопка“, рече Дамевски
 
242085809 569619207650499 4598214785199489046 n
 

 Новото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ почна со музички настап на Каролина Гочева, која придружувана од Никола Мицевски на пијано изведе неколку нумери од филмови. Дамевски пак рече дека во последните неколку недели се соочуле со многу проблеми кои навестиваа дека фестивалот нема да се случи

-Покрај двегодишниот хорор филм наречен Ковид-19 проживеавме уште неколку филмски жанрови. Имавме драма, помалку трагедија, трилер, акција и се заврши со комедија. Но, и покрај се продолживме да сонуваме и тој сон сега го споделуваме со ва. Славејќи го филмот и неговите творци, овде вечерва сакаме да испратиме порака до вас, публиката, до филмаџиите и уметниците насекаде во светот, од овде, од кај нас во светот- а таа е дека овој фестивал ќе продолжи да ја слави уметноста на светот без разлика на сите проблеми и предизвици. И кога тие пречки и проблеми стануваат големи, тоа за нас е само предизвик да бидеме уште поупорни и подобри. Затоа кога е најтешко, како во ова време-невреме, кога не бевме сигурни ни дали воопшто ќе имаме гости на Фестивалот, ние решивме да доделиме не една, туку две специјални камери 300 за особен придонес во филмската уметност. На двајца исклучителни уметници, рече директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Дамевски.

242025647 6112482398822131 3368668601073453000 n

 

Годинава добитници на специјалната камера 300 за особен придонес во филмската уметност се: Андреј Кончаловски, рускиот волшебник на филмската магија и Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика.

242036296 4361724810543566 6633444893056039241 n

-За мене е голема чест и трогната сум што ја добивам оваа награда. Имав можност и привилегија да бидам запознаена со вашата земја поради тоа што мојот сопруг потекнува од Србија и навистина сметам дека вистинското наследство што го има вашата земја е едно од најнеоктриените бисери-богатства на Европа. Чест ми е што сум дел од овој Фестивал. Им благодарам на граѓаните на Битола за топлото добредојде и за тоа што го негуваат наследството на браќата Манаки кое има исклучително значење, рече Пук.

Претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Северџан Бајрам.

242036296 994988304683051 6697898387928506437 n

-За 71 година постоење на ДФРМ сме имале различни предизвици, издигнувања и падови, но никогаш не сме се соочиле со ситуација да не може да излеземе и да снимаме. Не само ние, туку и нашите колеги од Европа и најголем дел од светот. И во тоа време додека ние седиме дома и не можеме да снимаме и публиката е дома и има потреба од содржина. Да гледа на своите лаптопи, екрани, таблети, да гледа филм, серија, да гледа аудиовизуелни уметности. Филмска Европа, мудра како и секогаш, во едно вакво време ги зголеми буџетите за филм. Не само што не ги скрати, туку направи и финансиска контрибуција кон локалните, регионалните и националните филмски фондови. Искрено верувам дека освен во успесите кои ги делиме со нашите колеги од Европа, филмските копродукции и културната размена и во овој контекст ќе бидеме дел како што сме сите овие години од европското филмско семејство. И кога зборуваме за Европа и за филмот би спомнал дека нашето најсилно оружје според Бергман е лицето на актерот во крупен план, неговата експресија. Ако некој наш актер, во крупен план е познат за филмска Европа, тој е омилен лик во Франција, Италија, Шпанија, во Јужна Америка, на Балканот-тоа е Северџан Бајрам, истакна Иванов.

Ова е најголемата награда на ДФРМ.

242082658 195216469346773 6223943888781379857 n

- Особена чест и задоволство ми е за доделеното признание. Голема благодарност за наградата до моите колеги и колешки кои ме одбраа мене, натуршчик, бидејќи немам завршено Факултет за драмски уметности. Благодарност до Столе Попов кој ме откри и до Емир Кустурица, човекот кој ми ја додели најголемата животна улога и отскочната даска во кариерата, рече Бајрам на врачувањето на признанието.

242122799 536163934151947 3890619340047877287 n

Фестивалот „Браќа Манаки“ ја слави филмската магија која преку визуелната магија за нас ја создаваат генијалците. Досега на сцената на Фестивалот застанале најголемите волшебници на таа филмска магија, а синоќа во Битола беше 42-от гениј,  преку чие чудесно око до нас допира светот на соништата. На Кристијан Бергер, австрискиот волшебник зад камерата, му беше доделена наградата „Златна камера 300“ за животен опус.

-Сум добил и претходно слична награда, но сега е малку потешка. Навистина се изненадив за доделеното признание и ми беше пријатно да дојдам повторно во Македонија и да бидам дел од Фестивалот „Браќа Манаки“. Би сакал да ја споделам мудроста што доаѓа со мојата возраст. Малку можам да го споредам фестивалот „Браќа Манаки“ со другите фестивали, таму гледам се поголема комерцијализација. Тоа никогаш не сум го искусил низ годините овде. ИФФК „Браќа Манаки“ е посебно место за нашата страст, а тоа е филмот и не знам друго место кое би било на второ место по ова. Не знам на што мислеле браќата Манаки во оној момент кога почнаа првпат да снимаат со својата камера и каква фасцинација имаа гледачите во тоа време, но она што ме тера сеуште да ја сакам својата професија до денес е моќта на сликите што се развиваат со текот на времето и нивното движење. Таа способност да се фати движењето и да се улови тој кус момент за да не се заборави и потоа да може да се покаже одново и одново-сметам дека тоа е суштината на камерата и мислам дека тоа ги мотивирало и браќата Манаки. Тогаш беше нова форма, а од нас зависи дали ќе продолжи да биде нова. Би било убаво ако фестивалот успее да ја задржи оваа „стара сензација“ жива, подвлече Бергер и му се заблагодари на Благоја Куновски, кого го нарече „добриот дух“ на фестивалот.

242023008 1590871137783334 2328876063471331479 n

Фестивалот за отворен го прогласи Претседателот, Стево Пендаровски, кој е покровител на ИФФК „Браќа Манаки“ и истакна дека „благодарение на Фестивалот Битола и Република Северна Македонија се присутни на светските филмски мапи и се посакувана дестинација за кинематограферите“.

242022517 263214165656878 6961672568414280165 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани