АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Попот Славе Петровски кој служи во Могила бара од нас покрај пари за пензиско и здравствено осигурување да му плаќаме и полиса за животно осигурување, вели Гоце Кантаровски од црковниот одбор на храмот ,,Св. Архангел Михаил" во Могила.
,,Ќе одиме во Митрополија на разговор, ќе прашаме зошто треба да плаќаме осигурување и тоа Граве? Му плаќаме на свештеникот со години и пензиско, а и осигурување во Граве што не е евтино. Од црковниот одбор од Могила му плаќаме повеќе од 10 години. Ние пак во одборот работиме волонтерски, доброволно", вели Кантаровски.
Свештеникот Петровски кој е од Добромири, село во општина Могила, не негира дека му плаќаат животно осигурување. Но, вели дека тоа е со дозвола од повисоки свештеници и ќе се користи откако ќе оди во пензија.
,,Тоа осигурување е со согласност на повисоки свештеници. Даден е благослов бидејќи се намали пензиското осигурување. И сумата што ја добиваме за верските услуги се дели на два дела, да може да оди дел во Граве, дел во пензискиот столб. Парите се плаќат моментално во Граве , а потоа се добиваат штом одиме во пензија", вели свештеникот Петровски.
На свештениците кои работат во селски парохии во кои нема многу жители и приходите им се помали.